Истанбул – град, спој на култури, инспирација на многу писатели, уметници, сликари. Град за кој се напишани стихови, отпеани песни. Еден од најпознатите градови по своите природни и историски богатства. Alphonse de Lamartine (1790-1869) - познат француски поет и државник рекол: “Ако на светот мораш да погледнеш само еднаш, тогаш погледни го само Истанбул. Таму Господ и човекот, природата и уметноста створиле единствена глетка, која вреди да се погледне”. Престојот во Истанбул ќе ги победи сите Ваши сетила. Истанбул е дом на најразлични луѓе и опкружувања. Град кој живее и има дух, а не само име од историјата. “Град кој со вода се спојува, кого вода го разделува”, распослан на два континента Азија и Европа, со своето туристичко богатство и богатото културно наследство. Токму тој на 13 Ноември 2006год е прогласен за Европска престолнина на културата за 2010година. Толку многу особености го красат овој град, што неговите посетители тешко ќе можат да се сложат по прашањето - што е најубавото во Истанбул. Тука на неопислив начин се спојуваат традиционалниот и модерен дух, опуштеноста и динамичноста... и по единствениот алхемиски рецепт создаваат неизмерно фасцинантен и возбудлив град, град во кој некогаш мора да зачекорите..


    


Предлог програма:

1 ден Уживајте во посетата на Римскиот аквадукт, Таксим, Ак Сарај, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Хиподромот, Сината џамија, Света Софија...
2 ден Препорачуваме: крстарење со брод по Босфор, единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот Босфор, како и пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. 
3 ден Препорачуваме посета на палатите Топ Капи - музејот и Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот Султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство.
4 ден Слободно време до заминување на аеродром. Препорачуваме два и пол часа пред лет да бидете на аеродром.


Цена: од 162 € (3 BB)


ВО ЦЕНАТА НА ПАКЕТОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Авионски превоз на релација: Скопје - Истанбул - Скопје (Pegasus)
- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел 3*/4*,  на база 2BB или 3BB
 
Летови: секој ден
Скопје - Истанбул лет PC 352 11:40 -14:10
Истанбул - Скопје лет PC 351 10:30 - 11:00
* цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата.

ВО ЦЕНАТА НА ПАКЕТОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

- Трансфер: Аеродром - Хотел - Аеродром
- Приватен трансфер: 36 €, во еден правец (информативно)
- Метро карта: 1€ (информативно)
- Бус: 0,8-1€ (информативно)

Напомена:
- City Break аранжманите се индивидуални патувања
- Цените на истите се информативни како најповолна понуда во одреден период

- Конкретна информација според ваше барање и понуда, побарајте на [email protected]

Предлог хотели (со вклучен авио билет):

Dedem Boutique Hotel 3*

Цена: 3 BB од 162 € по лице
Asmali Hotel 3*

Цена: 3 BB од 165 € по лице
Santa Sophia 3*

Цена: 3 BB од 167 € по лице

GALLERY