Поклоничко патување во чест на Свети Јован Руски, Свети Нектарие Егински, Пресвета Богородица Малеви и Пресвета Богородица Магалоспилјотиса.


29.април (четврток)     СКОПЈЕ - БИТОЛА - АТИНА 
Состанок на групата во 17.00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 19.30 ч. пред спортската сала “Младост”. Продолжување на патувањето кон Грција во 20.00 часот преку граничниот премин Меџитлија-Ники. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. 
 
30.април (петок)      ЕВИЈА - АТИНА - ПИРЕА - ЕГИНА
Во утринските часови, пристигнување на островот Евија и посета на тамошниот манастир посветен на свети Јован Руски, каде и се наоѓаат неговите свети, нетлени и чудотворни мошти. Околу пладне пристигнување во Атина и краток панорамски разглед на центарот на градот и неговите познати знаменитости. Попладне (16:15ч.) испловување со траект од Пиреа кон островото Егина во Сароничкиот залив. По пристигнувањето, во попладневните часови, посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински и присуство на вечерната богослужба. Сместување во хотел во местото Агиа Марина. Ноќевање.
 
01.мај (сабота)      ЕГИНА - ПИРЕА - МАЛЕВИ
Во утринските часови, присуство на Светата Божествена Литургија и поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал и најубавата химна на Пресветата - “Света Дево владичице, нескверна Богородице, радујсја невесто неневесна...’' Појадување (ланч пакет) и заминување со траект кон Пиреа. По пристигнувањето, продолжеток на патувањето кон манастирот Малеви на Пелопонез. Во вечерните часови, пристигнување во манастирот Превета Богородица од Малеви и сместување во манастирските конаци. Ноќевање.
 
02.мај (недела)      МАЛЕВИ – МЕГАЛУ СПИЛЕУ - СКОПЈЕ
Утрото, присуство на утринската богослужба како и на Светата Божествена Литургија во манастирската црква. Поклонение и целивање на чудотворната икона Успение на Мајката Божја, од која и денес се случуваат многу чуда, поготово за бездетни родители. Заминување од Малеви кон манастирот Мегалу Спилеу кај Калаврита. Посета на најстариот грчки манастир (изграден во 362 г.), кој се наоѓа во непосредна близина на големата пештера во која е пронајдена светата икона на Богородица Мегалоспилјотиса, насликана од Апостолот Лука. Поклонение пред светата икона и бројните реликви и мошти на светителите од манастирот. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон Македонија преку големиот мост кај Рио-Антирио, јонската магистрала и автопатот Игнатиа. Попатни застанувања и одмори, до пристигнување во Битола и во Скопје во раните утрински часову наредниот ден. 

Цена на аранжманот:  120 EUR      (7.440,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација 
- Превоз со траект на релација: Пиреа - Егина - Пиреа
- Сместување во хотел на Егина (1НП) и во манастирските конаци во Малеви (1Н).
- Организирани посети според програмата, во придружба на духовно лице (теолог или вероучител)
- Групно патничко и туристичко осигурување
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ:
- Евентуални влезници за музеите и културно историските споменици (каде што е потребно)
- Неспоменати индивидуални трошоци за време на посетите, според лични потреби.
 
НАПОМЕНИ:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ