Албанија
Македонските граѓани можат непречено да патуваат во Р.Албанија 
Според последните мерки:
- Отворени се границите
- Не е потребно одобрение за влез
- Не е потребен ПЦР тест

Србија
За патување во Р. Србија, македонските граѓани треба да приложат негативен PCR тест за да им биде дозволен влез во државата.
Дозволен е транзит низ Р. Србија без негативен PCR тест, транзитот е ограничен на 12 часа. 
 
Црна Гора
Резидентите на Република Македонија, како и граѓани Црна Гора кои престојувале во овие земји, можат да влезат во Црна Гора под следниве услови: 
1. Да имаат еден од наведените тестови:
- негативен резултат на PCR-тест за коронавирус (SARS-CoV-2) или
- позитивен резултат на антитела на коронавирус (SARS-CoV-2) од класата IgG добиен со серолошки тест ELISA или 
- негативен резултат на серолошки тест за IgM антитела добиен со ELISA серолошки тест не постар од 72 часа.
2. Тестовите треба се издадени од регистрирана лабораторија и да не се постари од 72 часа од времето на влегување во Црна Гора;
3. Во период од 15 дена пред влегувањето во Црна Гора тие не престојувале во ниту една од земјите од кои не е дозволен влез во Црна Гора.
Обврската за  тест не се однесува на деца до пет години.
Држави кои се наоѓаат на  „жолтата листа“ : Албанија, Австралија, Босна и Херцеговина, Израел, Косово, Либан, Сејшели, Сингапур, САД, Северна Македонија и Србија.
Овозможено е резидентите на соседните земји од „жолтата листа“ да транзитираат низ Црна Гора меѓу земјите кои се наоѓаат на „жолтиот список “ без обврска да поседуваат  тест за PCR или ELISA.
 
 
Косово
Македонските граѓани можат непречено да патуваат во Косово 
Според последните мерки:
- Отворени се границите
- Не е потребно одобрение за влез
- Не е потребен ПЦР тест

Хрватска
За патување во Р. Хрватска, македонските граѓани треба да приложат негативен PCR тест не постар од 72 часа за да им биде дозволен влез во државата. За полесно да влезете и да останете во Хрватска, пополнете го образецот на следниот линк https://entercroatia.mup.hr/ 
Внесувајќи ги вашите детали за контакт (телефон и адреса на е-пошта), ќе добиете потврда за огласот, кој можете да го прикажете на шофершајбната на вашето возило за полесно преминување на границата. Покрај тоа, ќе ги добиете сите потребни информации во врска со вашиот безбеден престој во Република Хрватска.
* Потврдата за објавување не е дозвола за влез и ја нема вредноста на документот пропишан за преминување на границата (пасош).

Бугарија
За патување во Р. Бугарија, македонските граѓани треба да приложат негативен PCR тест за да им биде дозволен влез во државата. Од 30.09.2020 Р. Бугарија донесе одлука за транзит низ нејзина територија на македонски граѓани без PCR тест. Одлуката е со важност до 30.11.2020. 
Повеќе информации на следниот линк:
https://www.mfa.bg/en/
 
Напомена: Савана не врши ажурирање на информациите. Препорачуваме проверка на дадените информации кај надлежните институции