Термини: 12.ноември и 05.декември


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1.ден   СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве баир - Ѓушево преку Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори.

2.ден   ИСТАНБУЛ
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3.ден   ИСТАНБУЛ (ДОЛМА БАХЧЕ и ТОП КАПИ)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај (првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922 г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк). Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство и посета на палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед (некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II). Слободно време за индивидуални активности. Можност за вечера во национален ресторан.Ноќевање.

4.ден   ИСТАНБУЛ - БОСФОР - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Патот води преку Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 79 € (4.898,00 мкд) 

Во цената на аранжманот е вклучено:          
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во Истанбул, во хотел ***,  на база 2 ноќевања со појадок
Организиран панорамски разглед на Истанбул
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:     
- Факултативна посета на Долма Бахче Сарај и Топ Капи Музејот
(2 влезници, превоз и локален водич: 30€)
- Факултативно крстарење по Босфор (карта и локален водич: 13€)
- Факултативна вечера во национален ресторан (вечера и шоу-програма: 20€)
- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
- Патничко здравствено осигурување
 
НАПОМЕНИ:
- За патување и влез во Турција, не е потребен претходен негативен PCR тест за "Covid 19", како воедно ни за транзитното патување низ Бугарија.
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА