Патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 23-ти јуни 2020 година, за повторно отворање на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид од 1-ви јули 2020 година, по нивното затворање на 19-ти и на 16-ти март годинава, ТАВ Македонија ја информира јавноста дека двата аеродроми ќе се отворат за патнички летови почнувајќи од следната среда, 1-ви јули, со тоа што воведува нови правила за патување, со цел спречување на влез и ширење на COVID-19.  

Со цел патниците да се чувствуваат безбедно, ТАВ Македонија го интензивира чистењето и дезинфекцијата на сите површини на аеродромите, додека пак вентилацијата во терминалната зграда е исто така зголемена, со системот за климатизација кој користи F9 нано-хемиски филм-обложени филтри. Дополнително, низ целата терминална зграда на аеродромот поставени се диспанзери со средство за дезинфекција на рацете.


Протоколи при посета на аеродромот:

- Патниците мора да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот и да ја носат се додека не заврши нивното патување на излезот од терминалот на крајната дестинација. На патниците кои нема да носат заштитна маска нема да им биде дозволен влез во терминалната зграда.

- Единствен отворен влез за патниците во терминалната зграда ќе биде влезот “C”.

- Пред да влезат во терминалната зграда, патниците мора да го покажат својот авиобилет (печатен или на нивниот мобилен телефон) на безбедносниот персонал на влезот.

- Секој патник ќе треба да помине преку патосница за дезинфекција на чевлите, а потоа и да ги дезинфицира рацете на безконтактните диспанзери за дезинфекција на раце, поставени на самиот влез од зградата.

- По опишаната дезинфекција, на влезот од терминалната зграда, патниците ќе бидат тестирани за телесна температура, преку термална камера што ја обезбеди ТАВ Македонија, со цел да се спречи влегување на вирусот во зградата на аеродромот. Патниците кои немаат зголемена телесна температура, ќе можат да продолжат до шалтерите за чекирање. Нашиот персонал ќе ја контролира проверката со термалната камера. Доколку е потребно, ќе се прави и дополнителна проверка со бесконтактен термометар.

- Патниците треба да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет, затоа што најмалку 1 час пред времето на полетување тие веќе треба да бидат во бординг зоната, односно на Излезите (Gates).

- За време на процесот на качување во авион, патниците ќе треба да го покажат својот пасош, односно патната исправа и нивната карта за качување во авион на агентот за проверка на картите за качување во авион и индивидуално да ја скенираат својата карта за качување во авион на читачот.

Целосниот протокол и сите останати информации, на следниот линк