ВАЖНО!!! ВАЖНО!!! Од 01.08.2020 Р. Бугарија донесе одлука за транзит низ нејзина територија на Македонски граѓани без PCR тест. Одлуката е со важност до 31.08.2020. Со оваа одлука се овозможува непречено патување на сите патници кон Р. Турција 


Република Турција  објави  “ Сертифицирана Програма за Безбеден Туризам “ со која се даваат препораки за низа мерки кои требат да бидат превземени, а со цел безбеден престој на туристите во земјата како и за заштита на безбедноста и здравјето на  сите даватели на туристички услуги.

Сертификатите  ќе се издаваат на сместувачки капацитети, превозници  и  угостителски објекти, а со кој ќе се потврди дека конкретниот субјект имплементирал безбедносни стандарди со цел заштита и превенција од ширење на COVID 19, односно:
- Назначил координатор за COVID-19 кој дневно ќе ја следи имплементацијата на протоколите
- Изработил протоколи кои ги опфаќаат сите процеси при давање на туристичка услуга
- Организирал програма за обука на сите вработени со цел давање на прецизни насоки во интерес на заштита на здравјето на гостите како и обука за справување во случај на заразен патник
- Изработил детални протоколи за одружување на хигиена, дезинфекција и одржување на социјална дистанца
- Изработил протоколи за служење на храна, итн.

Условите за добивање на сертификат за хотелски капацитети можете да ги погледнете 
тука 

Комплетна листа на хотели кои подигнале или се во фаза на добивање на сертификат, можете да ја погледнете тука

Проткол за влез во Турција
Согласно последните насоки на Министерствот за здравство на Турција, сите патници при влез во Турција ќе минуваат на здравстевена контрола (термални камери) и во случај на појава на суспектни лица, ќе се врши тестирање за COVID 19. Трошоците за тестирање и сместување на патникот до добивање на резултат, ќе бидат на товар на Министерството за здравство на Р.Турција.