Самото место е специфично, со широки улици, големи плоштади и детски игралишта лоцирани во близина на плажа. Плажата е многу пространа, широка околу 100 метри и долга околу 6 км. Покриена е со убав песок, организирано со кафулиња, барови и таверни, лежалки и чадори што можат да се изнајмат, но и тивки делови. Морето е чисто, многу плитко, па затоа е идеално за фамилии со деца, но и за спортови на вода и на плажа. Во близина на плажата има вили, хотели, продавници, маркети, ресторани, како и шеталиште идеално за љубителите на долги прошетки. Плажата и местото се многу лесно достапни, се препорачува за љубителите на мирен одмор.
Die Promenade morgens " Evdion Hotel (Nei Pori) • HolidayCheck ...


За сместување ви препорачуваме:

VILLA MAGGAS

Вилата Магас се наоѓа на 150м од песочната плажа, во убаво уреден двор. Внатрешната организираност и тивкиот престој се идеални за мирен и убав одмор. Вилата е на високо приземје и кат. Одлична е за семејства со помали деца. Во близина на вилата се наоѓаат два мини маркети.

VILLA ANASTASSIOS


Вилата се наоѓа веднаш до вилата Магас. Има мал двор со зеленило и истата е идеална за пријатен одмор. Вилата е лоцирана на втората линија, на околу 150 метри од плажата во централниот дел на Неи Пори. Сместувањето во нејзе е организирано во студија кои се наоѓаат на првиот кат. 

 


ОСТАНАТИ ПЛАЖИ НА ПИЕРИА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ>>

SUMMER IN GREECE 2018"SKOTINA BEACH-KASTRO PLATAMON-PIERIA"XIAOMI ...
Skotina
Во близина на плажата, само неколку километри е оддалечено старото традиционално село Ано Скотина со црква од 14 век и камени куќи од 17 и 18 век. Плажата е пространа, покриена е со златен песок и за беспрекорна вода неколку пати е доделена сино знаме. Делумно е организирана, на некои места има лежалки и чадори, а има и природна сенка. Исто така постои и меѓународен центар за млади и најголемиот камп на Балканот, така што во текот на летото се организираат музички и културните настани. Плажата е долга и широка, така што може да прими голем број посетители и лесно е достапна.

Methoni Beach – Ecotourism Greece
Pydna
Ова е прекрасна, долга и широка плажа покриена со златен жолт песок. Има добиено сино знаме за исклучително чисто море. Организирана е со лежалки и чадори каде што можат да се изнајмат, а има и природни сенки. Исто така постои и бар со освежителни пијалоци и лесна грчка музика. Поради широчината, плажата е добра и за спортови на песок. Во близина на плажата се наоѓаат остатоците од византиските утврдувања кои сè уште чекаат да бидат истражени. Лесно е достапен и идеален за семејства со деца и секој што не сака премногу гужва.

An Introduction to the Olympus Riviera, Greece: Hike, Sunbathe & Relax
Litochoro
Прекрасна плажа комбинација со камчиња и златен песок, се наоѓа во подножјето на Олимп и е многу лесно достапна. Добро организирана, со кафулиња и таверни, каде можат да се изнајмуваат лежалки и чадори. Во близина на оваа плажа има хотели, кампови, како и рибни ресторани кои нудат свежа риба. 


Alikes Kitros
Плажата е песочна, долга, широка, пространа и никогаш не преполна. Специфично за оваа плажа е лековитата кал. Покрај лежалки и чадори што можете да ги изнајмите, нема други објекти на оваа плажа. Лесно е достапна и се препорачува за љубителите на природата и тишината.

Beach, Gritsa, Greece | Beach in Gritsa (Γρίτσα), Dio-Olympo… | Flickr
Gritsa
Оваа плажа се наоѓа во подножјето на планината Олимп,покриена со камчиња, а морето е кристално чисто. На плажа има лежалки и чадори за сонце кои можат да се изнајмат. Долга е околу 2 км, иако има потесни делови со малку природна сенка. Плажата гарантира релаксиран и мирен престој. Исто така, постои марина за мали чамци и неколку луксузни хотели во близина.

Kalivia Varikou
Оваа плажа  е долга  3 км, широка, покриена со песок и камчиња. Морето е  топло и плитко, па затоа е идеална за семејства со мали деца. Плажата не е организирана, нема содржини, па затоа е потребно да донесете сè што ви треба за да останете на неа. Лесно е достапна и е идеална за целодневно уживање. 


Korinos
Оваа плажа е долга неколку километри, песочна, со многу плитко и кристални чисто море, па затоа е идеална за семејства со деца. Покрај самата плажа има барови каде што можат да се изнајмат лежалки и чадори за сонце, и лесно е достапна.

Leptokaria Beach - Astarti Studios
Leptokaria
Оваа плажа е долга и широка и е комбинација на песок и камчиња, со топло и чисто море. Влезот во вода е со нормалена длабочина, па за тоа плажа е добро за децата, не-пливачи, но исто така и за пливачи. Организирана е, има многу барови, таверни, делови со тушеви, лежалки и чадори, но и такви каде што нема никој за секој што сака малку мир. Иако ова одморалиште е многу популарно, плажата не е преполна, бидејќи е многу пространа. Погледот на божествениот Олимп, шеталиштето покрај плажата и паркот го прави овој амбиент попривлечен. Во близина има многу хотели и вили, ресторани, маркети, кафулиња, дискотеки, како  и пешачка зона. 

Lassithi Makrigialos beach - Lassithi Beaches | Greeka.com
Makrigialos
Овој мал крајбрежен град се наоѓа на северот од регионот Пиерија.  Плажата е песочна, тесна и долга, а по целата плажа има лежалки и чадори што можат да се изнајмат. Морето е многу чисто. Во внатрешноста на плажата има таверни, барови и одлични ресторани за риби. Плажата е тивка, како и самото место, па затоа се препорачува на сите што сакаат да се релаксираат без премногу гужва и врева. На самиот северен крај на плажата, има еден мал скриен песочен залив Agios Giannis, неорганизиран, особено привлечен за оние кои сакаат да бидат сами и уживаат целосен мир. Плажата Макригиалос е лесно достапна, бидејќи се наоѓа веднаш под главниот пат.

Discover Greece » Pieria, Paralia Katerini
Paralia
Оваа космополитска плажа е долга неколку километри, со фин песок на брегот и во водата и многу топло и чисто море. Плажата е многу добро организирана, и покрај неа има многу барови, ресторани, таверни, маркети, продавници за сувенири, облека, обувки, кожа и крзно, накит, голем број на различни вили и хотели за сместување… Оваа плажа ќе ги исполни очекувањата на сите: заради многу плитко море и разни паркови и игри, се препорачува за семејства со деца; поради бројните барови и богатиот ноќен живот е идеално за младите кои сакаат да се забавуваат; одлично е за паровите кои сакаат да шетаат по долгата плажа, како и за гурманите, љубителите на шопинг… Не е само за оние кои бараат мир и тишина и не сакаат гужва, бидејќи оваа плажа е секогаш жива, особено во нејзиниот централен дел. Во јужниот дел на плажата, кога се упатувате кон олимписката плажа, има марина за помали чамци.