Фурка е градче поделено на стар и нов дел. Старото традиционално село Фурка е оддалечено околу 2 км од морето, додека веднаш до крајбрежјето е сосема друг свет - поновиот дел од Фурка, т.е. Скала Фурка е исполнета со  хотели, апартмани, таверни, барови, кафулиња... Местото е опкружено со борова шума и маслинови градини. Плажата во Фурка е мала со бел песок што ве води до бескрајната вода. Водените спортови, од чамци за педали до глисери, ќе го импресираат вашиот одмор.


No photo description available.


За сместување ви препорачуваме:

  

VILLA FLEGOS

Опис Villa Flegos е голем комплекс во форма на поврзани хациенди,
кои во својот состав брои повеќе различки студија и апартмани.
Опкруженоста со зеленило, близината на градскиот плоштад,
шеталиштето и плажата, "Флегос" го карактеризира како
интересен објект за сите потенцијални гости. 
Сите студија се комплетно опремени со потребните содржини од
мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна... 


МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА ФУРКА KOИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА JA ПОСЕТИТЕ >>

Освен што е супер избор за семеен одмор со мали деца, локацијата е одлична и доколку сакате да прошетате. На западната страна на Касандра може да ги посетите Сивири, Елани и Посиди.
Особено ви го препорачуваме ‘Ртот Посиди, најзападната точка на Касандра. Станува збор за тесен песочен нанос кој навлегува во морето и на крајот се извиткува и се врти наназад. За да уживате максимално во ова искуство потребен ви е ваш чадор, храна и вода. Сместете се токму на крајот од песокот и ќе добиете две плажи и неверојатна глетка. 

Посиди се наоѓа на 15 минути возење, а Сивири и Елани се уште поблиску. На источниот брег, пак, на 13 минути возење е Калитеа, на 22 минути - Афитос и на 24 минути - Полихроно.