Агиос Никитас – погодно и за семејства со деца


Ова гратче се наоѓа на северозапандата страна на островот, на само 12 километри од Лефкас. Доколку плажите и капењето ви се најважни, тогаш ви го препорачуваме токму Агиос Никитас. Освен тоа, за разлика од Нидри, Лефкас и Василики, ова место честопати е избор и на семејства со деца, бидејќи плажите се попристапни. Од тука лесно ќе ги посетите прекрасните Порто Кацики, Егремни и Катизма. Со прошетка од само дваесет минути ќе стигнете и до популарната плажа Милос.
Agios Nikitas village | Lefkada Island's beautiful West Coast
Во ова место има помали минимаркети кои, главно, ќе ги задоволат вашите потреби, но доколку сакате нешто повеќе, не грижете се, до Лефкас има само 12 километри.

За сместување ви препорачуваме:

Со прекрасно уредениот двор исполнет со зеленило, преку кој излегува на главната улица кон градската плажа, овој објект дава одлични услови за одмор. Располага со убаво опремени двокреветни студија, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ, клима-уред и мини кујна, како и заедничка летна кујна во дворот на објектот опремена со потребните апарати за готвење и печење, ѕидана скара и фурна.
Објектот Маргарити располага со двокреветни соби за сместување, а некои од нив имаат и помошни легла. За оние, пак, кои сакаат подолем комфорт, во состав на објектот се наоѓа и еден апартман. Сместувањето во убавите соби, опремени со сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон, е одличен избор доколку ја искористите можноста за обезбедување и на поволната исхрана во блиската таверна-ресторан. Локалната кујна е навистина незаборавна.