Нидри – центарот на случувањата

Нидри е втор град по големина на Лефкада и се наоѓа на источниот брег на островот. Ова е дефинитивно најпопуларниот туристички центар на островот, особено за помладите генерации кои бараат одлични целоноќни забави. Оддалечен е 20 километри од Лефкас, што значи половина час возење со автомобил. Гратчињата се поврзани и со локални автобуси.
Nidri on Lefkada island, Greece - YouTube
Нидри ги фасцинира посетителите со кристално синото море, прекрасниот поглед на заливот и фасцинантните пејзажи. Овде може да имате активен одмор со широк избор на активности и атракции за уживање додека сте на одмор. Изобилува со ресторани, кафулиња, барови и таверни за сечиј вкус.
Ова живо гратче е познато и по своите величествени водопади – Димосари. Името го добиле по водениците што некогаш постоеле и работеле тука. Облечете си удобни патики ако тргнете да ги посетите, зашто патеките околу водопадите може да бидат лизгави. Водата е топла, па слободно разладете се под нив. Тука може да стигнете со автомобил или со изнајмен велосипед. Секако, може да тргнете и пешки бидејќи од Нидри се оддалечени само 3,5 километри – прошетката низ маслинките и лимоните е пријатна, а авантурата е гарантирана.
Ви препорачуваме и крстарење околу малите островчиња спроти Нидри. Тоа се Скорпиос – островот на Аристотел Оназис, кој денес е сопственост на руски милијардер, Мадури, Спари и Маганиси, кое е познато по величествената пештера Папаниколис во која се криеле подморници во Втората светска војна. Целиот пат е волшебен, а глетката величествена. Исто така, може да крстарите и околу другите јонски острови – Кефалонија, Итака – островчето на Одисеј итн. Постојат дневни крстарења со кои се обиколуваат и најпознатите плажи.

За сместување ви препорачуваме:

RIGAS Apartments е одличен објект, лоциран во првата линија на Нидри. Од едната страна достапен преку главната улица во Нидри, а од другата страна на само триесет метри оддалеченост од убавата плажа, Ригас сосема сигурно ќе го заслужи вашето внимание.
Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влезот во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центарот. Објектот располага со двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, сите со поглед на море, опремени со тоалет со туш, кујна и балкон. Студијата располагаат и со ТВ и клима.