Кушадаси – “остров на птиците“, името го добива по островот кој е во негова близина, а е поврзан со копното преку насипи. Камената тврдина која потекнува од 15в. и стои на средина на островот е заштитен знак на градот. Од полуостровот се гледа кон соседна Грција и островот Самос.
Некогашното мало рибарско место - Кушадаси, денеска претставува бисер на ориентот и е еден од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот, гостопримливоста на локалните жители, благата медитеранска клима, неговите плажи (Long Beach, Ladies Beach и градската плажа) го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето и го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.
Kuşadası - Go Turkey

Плажите на Кушадаси:

8 Things To Do In Kusadasi - Travel Republic Ireland Blog
Long Beach – долга 18км е една навистина долга песочна плажа распослана пред илјадници летни куќи во сопственост на локалното население. Со текот на времето и со изградбата на повеќе кафетерии таа е поделена на повеќе делови. Денеска само првиот дел, почетокот од плажата го носи името Long Beach. Ова е делот кој има најмногу активности. Еден од трите водни паркови на Кушадаси се наоѓа токму тука. Ресторани, кафулиња, водени спортови се достапни низ целата сезона, надополнети со кристално чистите води на Егејско Море, Ви гарантираат релаксиран и исполнет одмор. Се наоѓа на 8км од Кушадаси. Долмуш – Sahil Siteleri мини комбињата редовно циркулираат од градот до плажата низ целиот ден, на секои 15мин.

Beginners Guide to – Ladies Beach, Green Beach and Yavansu ...
Ladies Beach – позната на турски јазик како Kadinlar Denizi е една од најпопуларните и најпрометните плажи во Кушадаси. Името го има добиено од времето кога плажата се користела само за жени. Денес, женската плажа е отворена за сите. Високите палми се протегаат покрај самото шеталиште, полно со продавници, барови, кафулиња, ресторани и многу хотели. Не само што е позната по нејзината одлична позиција, блиску до центарот на Кушадаси, туку и по своите чисти и плитки води. 1км песочна плажа која има на располагање спортови на вода, чадори, лежалки, тоалети...А зајдисонцето зад грчиот остров Самос е спомен кој секој ќе си го земе дома со себе.

It's OK for the city centre - Review of Downtown Beach, Kusadasi ...
 
Градската плажа – сместена помеѓу пристаништето и марината, е многу популарна бидејќи е во близина на градот и на голем број хотели. Со прекрасен поглед на островот Пигеон и фамозните крстосувачки бродови кои се закотвени во пристаништето добивате идеално место за сончање и гледање низ светот. Опремена со лежалки, чадори, кафе бар...додека веднаш над патот има најразлични кафулиња, ресторани, продавници, сувенирници по должина на самиот булевар.

Да не ги заборавиме и: Diamond – Gold Beach, Silver Sand Beach, Paradise Beach, Love Beach, Kustur Beach, National Park Beach, секоја посебна на свој начин, но сите со една единствена карактеристика: чисти кристални води и златно ситен песок.

ЕКСКУРЗИИ
Ephesus | ancient city, Turkey | Britannica
Ефес - Античкиот град Ефес кој се наоѓа во населеното место Селчук во близина на градот Измир и воедно е на списокот на светското наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, годишно го посетуваат околу 1 милион домашни и странски туристи. Остатоците на античкиот град кој почнувајќи од предисторискиот период во текот на елинистичкиот период, Рим, Источен Рим и османскиот период бил користен како населено место во текот на приближно 900 години, се наоѓа меѓу значајните туристички дестинации кои се посетуваат. Ефес е познат како единствен град во историјата кој што бил изграден целосно од мермер и опстојувал како цивилизациски центар на античкиот период. 

How to Visit Mary's House in Ephesus - Slight North
Куќата на Богородица во Ефес - Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите. Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги поминала во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција. 

Day 77 – 78: Following the Sacred Way Didim to Priene – Our Bumble
Приене, Милет и Дидим – Приене, некогаш бил пристаништен град, а кој денеска се наоѓа 16км од морето на ридовите на планината Микале. Редок пример на хеленистичка архитектура и уметност. Театарот во Приене е еден од најубавите во хеленскиот свет. Храмот Атина Полиа го реконструирал Александар Велики како подарок за градот. Античкиот град Милет кој некогаш бил еден од најголемите трговски градови во Анадолија, се наоѓал помеѓу многу трговски патишта и од оваа причина станал многу просперитетен. Имал повеќе од 90 колонии и бил еден од најбогатите грчки градови. Како главен трговски центар изобилувал и со култура, наука, философија и архитектура. Милет е родно место на архитектот на Аја Софија. Зборот Дидима значи близнаци и е поврзано со место за средби на Зевс и Лето каде што ги зачнале своите близнаци Аполо и Артемис. Дидима била позната како центар за пророштво посветен на Аполо, кој служел со слична цел како Делфи на Анадолија. Дури и се верува дека тука имало светилиште пред јонците да дојдат во 10в п.н.е. Храмот Аполо иако недовршен се сметал за еден од најголемите храмови на хеленистичкиот свет, споредлив со храмот Артемис во Ефес или Херајонот кај Самос. Овде ќе го видиме огромниот релјеф Медуза, кој стои покрај храмот, парче од 2в н.е.

The Miraculous Pools of Pamukkale - Complete Guide to Pamukkale ...
Памуккале – необично природно и историско место со пенливо бели каскадни замоци и базени и една од најголемите атракции на Турција, уникатен во светот. Самиот збор Памуккале означува замок од памук. Заслепувачките бели варовнички замоци се формираат од варовничките термални извори создавајќи неверојатни формации на сталактити, дупки и катаракти. Водата на терасите е седимент на изворите со клациум бикарбонат и со температура од 33 степени. Водата која содржи главно соли на калциум и јаглерод диоксид, при истекот јаглеродот диоксид испарува додека калциумот се задржува и формира прекрасен пејзаж. Памуккале е создаден со оваа постепена формација, оставајќи слика слична на памук. Водата на Памуккале е позната по своите придобивки за очите и кожата, и лековита за болести како астма, ревматизам...

Hierapolis-Pamukkale, TURKEY - Med-O-Med
Хиераполис – Самото име Хиераполис означува свет, кој се верува дека бил основан од Аполон. Познат поради своите свети жешки извори, чија пареа е директно поврзана со Плутон, богот на подземјето. Ова е уникатна област за истражување на археолошкиот локалитет Хиераполис.

Aqua fantasy waterpark from Kusadasi
Аква паркови – Околу Кушадаси постојат неколку аква паркови, ние би издвоиле два: аква паркот на хотелот Aqua Fantasy и аква паркот Adaland. Било кој да го одберете, забавата е загарантирана за секоја возраст. Од најмалите до највозрасните.