ГРЦИЈА – ЗДРАВСТВЕН  ПРОТОКОЛ  ЗА  ХОТЕЛСКИ  КАПАЦИТЕТИ
(пост Ковид -19 , скратена верзија )


Грчкото Минситерство за Туризам го објави здравствениот протокол , кој ќе важи за сите хотелски капацитети во државата, а со цел безбедно ре-отварање и вршење на угостителската дејност.
Ре-отварањето на хотелските капацитети во туристичките места  ќе стартува  од  15 Јуни.
(детална листа на датум на отварање на секој хотел поединечно погледни тука)

Генерален оперативен план

- Менаџментот на хотелот има за обврска да одреди  здравствен  координатор  за контрола на процесот на следење на здравствените протоколи во секој сектор поединечно ( ресторан, бар, одржување на хигена на собите и сл.)
- секој  хотел  мора да има доктор на повик, кој може да изврши тестирање на суспектни лица  за КОВИД 19, и да  дава поддршка и совети при евентуална потреба.


Правила

Хотелски персонал
- Сите вработени во Хотелот мора да бидат детално запознаени со начинот на кој се пренесува вирусот, како би можеле соодветно да ги информираат и своите ценети  гости, мора да одржуваат лична и хигена на просторот за кој се назначени како и да ги следат сите препораки за заштита ( често миење  и дезинфекција  на раце, избегнување на ракување, избегнување на допирање на лицето , носење заштитна операма )
- Се препорачува вработените да имаат скрининг на телесна температура пред почетокот на секој работен ден
- Вработените мора да водат книга на податоци, за сите гости во хотелот  ( име и презиме, датум на пристигнување и заминување, контакт телефон, e- mail ) Податоците ќе бидат чувани согласно правилата за заштита на лични податоци .

Се препорачува  хотелите  редовно да ги ажурираат своите веб страници, во секцијата Ковид-19, во која редовно  ке се ажурираат податоци врска протоколите за  одржување на хигиена во објектот,  а со цел  максимална заштита на гостите во текот на престојот.

Рецепција
- Вработените на рецепција мора да одржуваат лична хигиена, да носат заштитна опрема и да ги почитуваат препораките, истовремено и да ги информираат гостите за протоколите во хотелот со цел заштита од Ковид-19.
-Лобито во хотелот треба да биде реорганизирано , со цел да може да се имплементира правилото на 2 метри растојание меѓу лицата кои чекаат на рецепција.
- Задолжително да се дезинфицираат клучевите од собите пред превземање од гостинот
- Да се избегнуваат групни собира на рецепција
- Задолжително да се продолжи периодот  меѓу “check out”  и “ check in”, со цел да се обезбеди доволно време за дезинфекција на претходно користена соба (одјавување од собите најдоцна до 11 :00 часот , а превземање по 15:00 часот)
- Да се забрани влез на лица кои не се гости на хотелот

Одржување на хигиена во хотелот:
- Сите хотели треба да практикуваат почеста дезинфекција и длабинско чистење на објектот
- Задолжителна е многу честа дезинфекција на најфрекфентно допираните места во објектот (пулт на рецепција, кваки, рачки,  оперативна табла во лифт... )
- Задолжително детално чистење и дезинфекција на собата како и  квалитетна природна  вентилација  пред превземање на истата од друг гостин.
- Треба да се избегнува често чистење на собите во текот на престојот на еден гостин ( со цел да се минимизира изложеноста на  собарките на  евентуален контакт со заразено лице и да се превенира понатамошно ширење )
- Промена на постелнина треба да се избегнува  и истата треба да се спорведе само по барање на гостинот
- Се прпорачува да се отстрани декоративна постелнина ( прекривки, декоративни перници) како и предмети за заедничко користење ( весници, магазини, мени и сл )
- Далечинските управувачи за ТВ и клима уред, треба да имаат футроли за еднократна употреба ( да се менуваат при секое превземање на собата од нов гостин)
- Текстилно обложениот мебел треба длабински да се чисти со уреди на пареа
- Дневено да се прави природна вентилација на сите соби
- Се препорачува во секоја соба да се стави антисептичен гел 

Протoкол  за храна:
- Реорагaнизација на просторот во кујната со цел запзаување на правило на социјална дистанца меѓу  вработените
- Храната треба да биде превземана само од специјално назначени лица кои ќе носат целосна заштитна опрема
- Влезот во кујната треба да биде забранет за невработени
- Рестораните треба да го реорганизраат просторот со цел  овозможување на правило на социјална  дистанца меѓу гостите
- Хотелите индивидуално треба да го дефиниират начинот на послужување на храната ( дали ќе се задржи концептот на шветска маса или ќе се послужува секој гостин поединечно)


Хотелски содржини:
Секој хотелот ќе обајви свој протокол за начинот на користење на хотелски содржини  , а согласно правилата за одржување на социјална дистанца , какo:
- Детски игралишта
-  Спа
- Фитнес сали 

- Само надворешните базени смееат да работат, со тоа што лежалките околу базените мора да бидат поставени на 2м одалеченост, како и да се контролира бројот на капачи во базенот  во ист период.
-Лежалките на плажите треба да бидат поставени така да помеѓу две лежали и чадор има одалеченост од мин 3 метри.

Проширената верзија  на правилникот можете да ја погледнете
 тука .


 КОВИД 19: Уредба на Р. Грција за регулирање на откажани туристички услуги 


Ваучери наместо рефундација 

Грчката Влада донесе уредба со законска сила со која ќе можат сите Грчки авио компании, бродски компании, сместувачки капацитети и туристички агенции ( тур-оператори ), наместо рефундација на сретства да издадат вредносни ваучери , (во вредност од уплатените сретсва), за сите откажани и неискористени услуги настанати поради пандемија на Ковид 19. Вредносните ваучери ќе имаат важност од 18 месеци.

Со оваа мерка се заштитени уплатените сретства на сите патници, кои ќе можат истите да ги искористат за иста или слична услуга во нов датум.

Дополнително со оваа мерка се помага на туристичкиот сектор да го издржи бранот на масовно откажување на туристички патувања поради кризата предизвикана од Ковид 19.


Доколку патниците не го искористат ваучерот во предвиениот рок, истите по истекот на рокот имаат право да бараат рефундација на уплатените, неискористени сретства.


Авионски карти 

Ваучер за авионски карти ќе се издава на сите патници кои имале резервирано лет со Грчки авио-компании и истиот е откажан во период од 25 Февруари до 30 Септември 2020. Патниците ќе имаат право да го искористат ваучерот во период од 18 месеци, за било која дестинација кон која оперира авиокомпанијата.

Бродски карти 

Ваучер за бродски карти ќе се издава на сите патници кои имале резервирано карти за бродски превоз со Грчки авио-компании, и истиот е откажан во период од 25 Февруари до 31 Октомври 2020. Патниците ќе имаат право да го искористат ваучерот во период од 18 месеци, за било која дестинаицја кон која оперира бродската компанија.

Хотелски резервации  и резервации преку туристички агенции

Ваучер ќе се издава на сите патници кои имаат хотелска резервација , резервација на пакет аранжман или угостителско сместување во посретство на туристичка агенција во Грција.
Ваучерот ќе се издава во вредност од уплатениот износ а ќе може да се искористи за иста или слична услуга во период од 18 месеци. 

Линк до обајвената уредба: тука 


ПРОТОКОЛ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА – PLF ФОРМУЛАР


Согласно новата одлука на владата на Р.Грција, за сите патници кои ќе патуваат во Р. Грција се воведува задолжително пополнување на формулар – PLF (Passenger Location Form), и тоа најмалку 48 часа пред влез во земјата.

Целата на овој формулар е да се добијат основни контакт информации со цел лесно и брзо контактирање и лоцирање на патниците во Грција, во случај на потреба. По пополнување на формуларот ќе добиете повратна e-mail порака дека истиот е прифатен, а потоа ќе Ви биде доставен QR код, кој испринтан или во електронска форма (на мобилен телефон) ќе имате за обврска да го покажете при влез во Грција.


За да го пополните формуларот кликнете тука


Во продолжение Ви даваме насоки за начинот на пополнувaње на образецот:


- Чекор бр. 1 / Начин на пристигнување – авион, брод или копнен превоз (автобус, автомобил) 


- Чекор бр. 2 / Датум на влез во Грција, граничен премин на влез и регистарски таблички на автомобил


- Чекор бр. 3 / Податоци за патник: име, презиме, возраст, број на пасош, контакт телефон


- Чекор бр. 4 / Податоци за место на живеење, град (избор од менија), адреса и поштенски код 


- Чекор бр. 5 / Податоци за сместување: Регион во Грција ( бирате од мени, видете подолу детали за региони), град, поштенски код, адреса на објектот за сместување . Поштенските кодови на сите места / градови , кои се предмет на понуда за приватно сместување како и адресата на сите објекти за приватно сместување во Грција можете да ги најдете во листата објавена тука


Региони 

-> Халкидики / Олимписки регон – Kentriki Makedonia


-> Лефкада – Ionia India

-> Врахос, Парга – Ipeiros

-> Евиа – Sterea Ellada


- Чекор бр. 6 / Податоци за малолетни лица ( лица под 18 години ) кои патуваат со вас ( доколку има ) 

- Чекор бр. 7 /  Трето лице за контакт, преку кое лесно можете да бидете искомуницирани во случај на итна потреба


Врз основа на податоците внесени во формуларот, здравствениот тим ќе одлучи за евентуална потреба од тестирање при влез. Патниците кои ќе бидат тестирани при влез, имаат за обврска да останат во самоизолација во Грција, во предвидениот објект за сместување, до добивање на резултати од направениот скрининг.


Патниците мора да се придржуваат кон сите превентивни мерки за заштита, носење заштитни маски и социјално дистанцирање.