Image result for split Image result for trogir


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

16.aприл  (четврток)        СКОПЈЕ –СПЛИТ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 17:00ч. Поаѓање на автобусот за Сплит во 17:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

17.aприл  (петок)        СПЛИТ
Пристигнување во Сплит во претпладневните часови. Разглед на Сплит, најголемиот и еден од најубавите градови на Далмација: Дијоклицијановата Палата , изградена од Римскиот император Диoклицијан во 4-тиот век, заштитена од УНСЕКО; Катедралата Св.Дује- главното обележје на градот, за која се вели деке е најстарата кадетрала во светот која е зачувана во својата оригинална форма, плоштадот Перистил, каде не ретко можете да уживате во оперски претстави или концерти на отворено, зградата на Националниот Театар, посета на  Марјановит Рид од каде се пружа спектакуларна панорама на градот и околните далматински острови. Слободно време за кафе пауза и одмор на познататa пешачка улица Мармонтова, која се потега покрај брегот на Јадранското море. Попладне продложуваме кон малото гратче Примоштен. Сместување во Хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

18.aприл (сабота) ПРИМОШТЕН- ШИБЕНИК- НАЦИОНАЛЕН ПАРК КРКА-ТРОГИР- ПРИМОШТЕН

Појадок. Слободно време за индивидуaлни активности или можност за целодневен факултативен излет со посета на Шибеник, Водопадите Крка и Трогир. Турата започнува со посета на Шибеник, средновековен бисер на Далмација. Разглед на градот, катедралата Св.Јаков, која се наоѓа на листата на светското културно наследство, заштитено од УНЕСКО, тврдината Св. Михаил, од каде имате прекраса панорама на брегот, а во која се одржуваат многу концерти на отворено, Градскиот музеј... Поаѓање за Националниот парк – Крка. Попатно ќе уживате во прекрасните пејсажи на чистото Јадранско море и околните острови. По пристигнување, прошетка низ паркот, посета на водопадите и слободно време за уживање во оваа природна оаза. Патувањето продолжува кон Трогир, еден од најзачуваните романо-готски гардови на Европа,  кој е зашитетен од УНЕСКО. Прошетка низ стариот град, кој се наоѓа на острово и ќе ве воодушеви со својата архитектура, барокни и ренесансни згради. Разглед на градот: Кулата Св.Марко, Тврдината Камерленго, импозантната Трогирската Катедрала, главниот градски плоштад, палатата Чипико... слободно време за прошетка по Трогирската променада. Враќање во Хотел. Вечера. Ноќевање.

19.aприл  (недела)          ПРИМОШТЕН- ДУБРОВНИК- СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Дубровник. По пристигнување прошетка низ стариот дел на градот Дубровник еден од најубавите градови на Медитеранот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала, главната пешачка улица Страдун... Слободно време за индивидуални активности или можност за прошетка низ градските ѕидини, долги 2 км, од каде ви се пружа спектакуларен поглед на целиот град, неговиот брег и островите на Јадранското море. Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 129 € (8.000 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автoбус на наведената релација
• Сместување во хотел "Zora" *** Примоштен , 2 полупансиони (појадок и вечера)
• Организирани разглед на Сплит и Дубрновник 
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативна посета на Шибеник и Трогир (25 €) за мин. 30 пријавени патници.
• Влезница во националниот парк Крка (10 €)
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување.
• Туристичка такса и осигурување 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

НАПОМЕНИ: 
- Цената на аранжманот е дадена по лице, со сместување во двокреветна соба

GALLERY