Демиркаписката клисура е првата клисура на Вардар од егејската страна, и во извесна смисла делумно го попречива влијанието на средоземната клима. Градот е едно од најтоплите места во Македонија. Овој локалитет бил населен уште во античко време за што сведочат многубројните ископини. Низ клисурата, уште во античко време поминувал значајниот “Вардарски пат” кој ги поврзувал Солун и Пела со северните градови Антигонеја (Неготино), Стоби, Вила Зора (Велес) и Скупи (Скопје). Градот бил цел на разни освојувачи, па тука се формирале и кнежевства. Дури и српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, во потрага по плодно земјиште за свој имот, ја одбрал локацијата на село Бања, каде што првобитно се наоѓало градчето.

The building in which the hotel is located A bed or beds in a room at Popova Kula Hotel & Winery

Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија  во близина на автопатот Е-75.
Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион.
Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е.
Демиркапискиот регион располага со одлични климатски и почвени услови за одгледување на винова лоза.
Кралството на Кралот Александар Караѓорѓевиќ се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска  и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина.  Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство. Но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади, на истото место каде што денес е лоцирана нашата винарска визба.
Хотелот „Попова Кула“ Ви нуди незаборавно искуство со своите 33  соби, секоја именувана според сортите вина кои се произведуваат во Попова Кула и декорирана во склад со боите и нијансите на виното. Сите се опремени со: телефон и интернет, клима уред и сателитска телевизија. Поголемиот дел од нив имаат и балкон со восхитувачки поглед на прекрасната околина – вистински предизвик за љубителите на природата.