Image result for prague" Image result for vienna"


05.март (четврток)         СКОПЈЕ - ПРАГА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 15:30 часот. Поаѓање за Прага во 16:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

06.март (петок)           ПРАГА  
Пристигнување во пладневните часови. Панорамски разглед на градот и Старо место: Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париска улица, плоштадот Старо место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската кула, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Уневерзитетот на Карло четврти, Вацлавски намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито... Сместување во хотел. Слободно попладне или можност за факултативно крстарење по В’лтава. Ноќевање.

07.март (сабота)       ПРАГА  -  КАРЛОВИ ВАРИ 
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативен излет до Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита во 19 век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани, продавници и колоритни згради со автентична архитектура. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладне враќање во Прага. Навечер, факултативно – можност за посета на национален ресторан - Пивница. Ноќевање.

08.март (недела)      ПРАГА – ВИЕНА -СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Македонија со попатна посета на Виена: панорамски разглед на градот: Рингштрасе, катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Палатата Хофбург, Парламентот, Градското Собрание Ратхаус, катедралата Фотиф, Универзитетот, Виенската Опера... Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во Скопје следниот ден на пладне. 


Цена на аранжманот: 125 € (7.750,00 мкд.)
+ ИЗНЕНАДУВАЊЕ: ПОДАРОК ВАУЧЕР


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на релација Скопје – Прага - Скопје
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Прага и Виена
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излети: Карлови Вари (25€),  Крстарење по В’лтава (15€) 
- Влезници за музеите и културно – уметничките споменици 
- Патничко осигурување 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум до 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на патувањето - САВАНА Скопје