Поврзана слика Резултат со слика за bucharest


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

05.март  (четврток)                СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот 'Holiday Inn'. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор. 

06.март  (петок)           БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј ... Сместување во хотел. Вечерта  слобоно време за индивидуални активности и шопинг или, факултативна - вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

07.март  (сабота)                  БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ

Појадок. Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар каде се наоѓа и познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел.  Ноќевање.

08.март  (недела)            БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидулани активност .Напуштање на хотелот. Заминување во посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови.  Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

 

Цена на аранжманот: 109 € (6.758, 00 мкд)
*  (Можност за плаќање до 6 рати , без камата)


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Вечера во национален ресторан 25 €
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25€)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко осигурување 190 ден и други неспоменати посети и услуги

НАПОМЕНИ:
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и САВАНА 
- Организатор на патувањето - САВАНА ДОО Скопје

 

GALLERY