Image may contain: sky, ocean, outdoor and water Image result for abu dhabi"
 
Абу Даби покривa повеќе од 80% од населението во ОАЕ и со тоа претставува најголемиот и најнаселениот Емират. Домашното население во ОАЕ денес го чинат едвај 20% додека останатите 80% се доселеници од Азија, Африка, Австралија, Европа и Северна Америка. 
Абу Даби е дестинација која ужива речиси цела година многу сончеви денови, малку дожд и скоро совршени зимски температури. Климата е суптропска и сува. Сончево време и високи температури може да се очекуваат во текот на целата година. Дождот е ретка појава, најмногу присутен во зима од Ноември до Март. Температурата се движи од 13C° за време на зимските ноќи, до 42C° во летните денови. Посвежите месеци од Ноември до Април се најпогодни за посета со дневна температура од околу 24C° до 13C°ноќна температура. 
Лесната летна облека е погодна за време на целата година. За време на зимските месеци може да понесете нешто потопло за облекување. И покрај тоа што ставот кон дрес кодот во ОАЕ е умерено либерален, од посетителите се очекува за време на шопинг и прошетки, да не носат кратка и тесна облека, бидејќи истата може да предизвика непријатна реакција кај домаќините. 
Комбинацијата на интернационалната инфлуенца заедно со силната посветеност кон локалното наследство, заедно креирале интригантен спој на старото со новото. Културата на Абу Даби се поврзува со арапско исламистичката традиција. Тука, исламот е повеќе од религија, тој е начин на живот кој го покрива секојдневниот живот од тоа што да се облече, до тоа што да се јаде и пие. Културното наследство на ОАЕ е тесно поврзано со религијата и претставува вистински пример на исламската обврска, толеранција и  гостопримство. Странците се слободни да ја практикуваат својата религија и дрес кодот е либерален. Жените може да возат автомобил и да шетаат без придружба. Меѓу највисоко оценетите вредности е пристојноста и гостопримството, како и пријателски настроениот карактер на луѓето. И покрај високиот економски развој, Абу Даби продолжува со промоцијата на традиционални обичаи и спортски настани, како одгледување на соколи, јавање на камили и традиционално dhow крстарење. 
Населението во ОАЕ вообичаено носат традиционална облека во јавност. За мажи тоа е kandura   , бела долга наметка, во комбинација со бела или црвена карирана шапка ghutra, истата е прицврстена со црно јаже agal. Шеиците и позначајните бизнисмени може да носат наметки порабени со злато кога присуствуваат на важни јавни настани. Жените во јавност носат долга црна наметка abaya, која ја прекрива нивната нормална облека и плус шамија sheyla. Женската наметка е најчесто изработена од многу тенок материјал и украсена е со традиционални везови и монистри кај зглобовите. Шамиите во последно време предизвикуваат бројни дискусии во насока на тоа дали истите треба да се носат или не, особено кај помладата популација. Шамиите може да бидат најразлични од тенки црни шамии кои ја прекриваат главата и косата, па се до велови наречени burka кои го покриваат носот, веѓите, образите и усните и во главно ги носат постарите жени.
Храна и кујна
Абу Даби нуди широка палета на јадења и кујни и честопати посетителите се доведени во позиција да не знаат за што да се одлучат од преголемиот избор. Тука може да пронајдете буквално храна од целиот свет и ресторани кои нудат микс од интенационални вкусови по врвни кулинарски стандарди. Хотелските ресторани и барови служат алкохол. Немуслиманско население може да косумира свинско месо во одредени ресторани, сите јадења кои вклучуваат свинско месо се подготвуваат одделно од оние без и како такви се објавени во менито. 


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден                        Скопје – Дубаи – Абу Даби
Полетување од Скопје во 13:25 часот (FZ792), слетување во Дубаи во 21:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување.Ноќевање. 
2 ден до 4/7 ден   Абу Даби
Престој во избраниот хотел на база на ноќевање со појадок, слободно време за индивидуални активности и одмор. 
4/5/8 ден              Абу Даби – Дубаи – Скопје  
Трансфер до аеродром во раните утрински часови. Полетување од Дубаи во 09:25 часот (FZ791), слетување во Скопје во 12:25 часот. 

 
Цените се дадени по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје - Дубаи - Скопје (авиокомпанија "Fly Dubai")
- Трансфери во Дубаи: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во одбраниот хотел  на 4/5/7 ноќевања
- Аеродромски такси

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка виза за ОАЕ 85 €
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел, по соба од ноќевање): 20AED (5*) / 15AED (4*) / 10AED (3*)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца од 0-2 год. плаќаат 25 € и немаат место во авионот
- Деца од 2-12 год. плаќаат за авио билет  (износот е променлив)  со седиште во авион,  добиваат попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
- Трето возрасно лице плаќа авио билет  (износот е променлив) добива попуст на хотелското сместување според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош
- Можна е доплата за време на настани и манифестации (информации во агенцијата)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста на хотелите.
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите или промена на курсот при размена на валути USD/EUR.