Image result for varna


29.декември (Недела) СКОПЈЕ – СОФИЈА - ВАРНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скопје, во 01:00 часот. Поаѓање за Софија во 01:30 часот. Влез во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир, Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Софија, по пристигнувањето, панорамски разглед на градот: градскиот плоштад, шопинг центарот Цум, Парламентот, Националниот и историски музеј, црквите Ротонда, Св. Софија, Св. Недела, Руската црква, Храмот Александар Невски со дванаесете позлатени куполи, Дворецот на културата... Слободно време за прошетки, со можност за шопинг, во попладневните часови продолживање на патувањето кон Варна. Сместување во хотел. Ноќевање. 

30.декември (Понеделник)    ВАРНА 
Појадок. По појадокот разглед на третиот град по големина и главен поморски град на Бугарија, Варна е најинтересен космополитски град на брегот на Црното Море. Комбинацијата на пристанишен град, поморска база и приморско одморалиште, тоа е привлечно место за неколку дена, богато со историја, но сепак модерно, со огромен парк и долга плажа за одмор. Во центарот на градот се наоѓа најголемиот комплекс на римски бањи во Бугарија и најпрефинетиот археолошки музеј, како и жива културна и ресторанска сцена. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки, или можност за организирана посета на познатата катедрала Успение на Св. Богородица, Слободно време за разглед на морската  градина. Посета на ботаничката градина и можност да се видат уникатни растенија, посета на некогашниот летен дворец на Романската царица Марија. Ноќевање. 

31.декември (Вторник)    ВАРНА
Појадок. После појадокот можност за факултативна посета на Делфинариум – шоуто на Делфините. Каде ке имате можност да бидете дел од единствениот делфинариум на балканот.  Во пладневните часови можност за факултативна посета на винарија со дегустација на вино во дух на новогодишната атмосвера. Враќање во хотел. Вечерта дочек на новата година на плоштадот Независност со богата музичка програма на локални артисти и познати DJ од Италија... Ноќевање. 

01.јануари (понеделник)  ВАРНА – СКОПЈЕ 
Појадок. По појадокот заминување кон Македонија со попатна посета на Велико Трново, кој исто така е нарекуван “Царскиот град”, поради заради неговото исклучително историско и културно наследство. Велико Трново е трговски и занаетчиски центар и произведува храна, текстил и кожа. Шетајќи низ живописните улици на стариот империјален град Трново, ќе имате можност да го запознаете ова место кое ќе ви овозможи прекрасна панорама и задоволство, усогласени со минатото, сегашноста и иднината. По краткиот разглед слободно време за индивидуални активности. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови. 

 Цена на аранжманот: 139 € (8.618,оо мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Сместување во Варна, во хотел Golden Tulip ****, на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Софија и Варна со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здравствено осигурување
- Посета на Винарија (15 €)
- Посета на Делфинариум (12€)
- Други неспоменати посети и услуги

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје