Image result for vrnjacka banja Image result for hotel zepter vrnjacka banja


05.декември (сабота)     СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во  04:30 часот. Поаѓање за Врњачка Бања во 05:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во пладневните часови во Врњачка Бања. Пешачки разглед на Врњачка бања: мостот на љубовта, Замокот на културата, Римскиот извор,  Извор Езеро, Замокот Белимарковиќ... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

06.декември (недела)     ВРЊАЧКА БАЊА - МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Организирано заминување на излет до познатиот средновековен манастир  Жича кој датира од првата половина на 13 век, и истиот е подигнат од Стефан Немањаќ и неговиот брат Свети Сава. Враќање назад во хотел. Слободно време за индивидуални активности или одомор и релаксирање во спа центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

07.декември (понеделник)     ВРЊАЧКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови


Цена на аранжманот: 99 EUR       (6.140 мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено:   
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 полупансиони
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги
- Туристичка такса за престој 1,1€  по лице од ноќ

Напомени:
- За патување во Србија, од 10.ноември нема да биде потребен тест за "Covid 19"
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

- Организатор на патувањето: САВАНА Скопје

 

GALLERY