29.декември  (сабота)        СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот 'Holiday inn". Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор. 
 
30.декември (недела)          БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на истокот“ поради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

31.декември (понеделник)     БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативно Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Вечерта можност за дочек на Новата 2020 година на некои од плоштадите во градот. Ноќевање.

01.jануари (вторник)            БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

Цена на аранжманот во претпродажба:
105 € (6.510,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел 3*** на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Вечера во национален ресторан (25 €)
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25 €)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување.

Напомени:
-Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА ДОО Скопје

GALLERY