29.декември (недела) СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

30.декември (понеделник) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

31.декември (вторник) ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, Дочек на Новата 2020 Година, на плоштадот “Слобода” или пак можност за факултативна - Свечена новогодишна вечера во ресторан.Ноќевање.

01.јануари (среда) НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативно заминување во посета на Салаш , кој ќе ве воодушеви со неговиот автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

 Цена на аранжманот: 89 € (5.518,оо мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна новогодишна вечера во ресторан 
- Организиран ручек во Салаш  
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје

GALLERY