Резултат со слика за budva ÃÂ ÃÂµÃÂ·Ã‘ƒÐ»Ñ‚ат со слика за dubrovnik

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1.ден СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 22:00ч. Поаѓање на автобусот за Будва во 22:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.


2.ден МАНАСТИР ОСТРОГ - БУДВА
Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој датира од XVII век основан од Василиј Острошки.Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Разглед на градот: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Сместување во Вила Монте Рио. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечера. Ноќевање.

3.ден БУДВА - ДУБРОВНИК
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... Враќање во Будва во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.

4.ден БУДВА – ТИВАТ - КОТОР
Појадок. Можност за факултативен излет до Тиват и Котор. Прошетка и раглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча, луксузниот комплекс "Порто Монтенегро", Ботаничката градина и посета на прекрасниот стар град - Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола.... Попладне, заминување за Македонија преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 89 € (противвредност: 5.520 мкд)
* Со вклучени 2 полупансиони


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во Вила Монте Рио** (
http://monterio.me/ ), 2 ноќевања на база полупансион
• Организирани разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањетo

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативен целодневен излет до Дубровник: 15€
• Факултативен излет до Тиват и Котор: 10€
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување 

НАПОМЕНИ:
- За патување во Црна Гора, сепак е потребен тест за "Covid 19"
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Организатор на патувањето: САВАНА