МАКАРСКА
Savana , 08 апр.
Макарска е мало гратче на Јадранското море во Хрватска. Oддалечено е околу 60 километри јужно од Сплит и околу 140 километри северно од Дубровник и има околу 13 илјади жители. Градот е познат по своето долго шеталиште, модерните кафулиња, баровите и бутиците кои гледаат кон пристаништето каде се закотвени и луксузните јахти. Како специфично место за посета се издвојува Малаколошкиот музеј кој ја има најголемата колекција на полжави и школки во светот.
Најкарактеристично за Макарска сепак се плажите. Целата околина изобилува со живописни плажи кои топло ги препорачуваме да ги посетите. Плажата Велика Дуба во Жиговице е комплетно изолирана плажа и во нејзина близина се наоѓа преубава Борова шума. Многу е блиску до автопатот и е погодна дестинација за многу пливачи. Во близина е и местото Градац каде ќе се затекнете со неизмерливи песочни плажи. Боите кои ќе се испреплетуваат на небото потполно ќе ве остават без здив, а локалното население вели дека тоа е најубавата локација да се гледа зајдисонцето од целата Макарска Ривиера. На палажата Вруја/Дубици во Брела пак може да се затекнете со многу мали магични заливчиња кои се најпогодни за класичен одмор и релаксирање покрај море.
Од нашите понуди за Макарска издвојуваме:
VILLA JOVIC![]() Vila Jovic е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 350 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Собите се лоцирани на вториот и третиот кат, комплетно се опремени и располагаат со сопствен тоалет и кревети за две или три лица. |
VILLA SELAK![]() Vila Selak е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 300 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Сместувањето е во соби и студија. Собите располагаат со сопствен тоалет и кревети за две лица, лоцирани се на приземје и делат заедничка тераса и кујна. |
VILLA MATIJASEVIC![]() Vila Matijasevic е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 200 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Собите се лоцирани на првиот кат, располагаат со сопствен тоалет и кревети за две или три лица. |
VILLA STIPE![]() Vila Stipe е лоцирана во резиденцијалниот дел на Макарска, на околу 350 метри од прекрасната плажа обиколена од борова шума. Располага со студија лоцирани на приземје. |
VILLA DRAGICA |
VILLA ANTONIA |
ПЛАЖИ ВО БЛИЗИНА НА МАКАРСКА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>
БАШКА ВОДА претставува мало село и пристаниште на брегот на Макарска, се наоѓа на 8,5 км северозападно од Макарска. Економската основа на населението претставува земјоделството, риболов и туризмот. Најмногу се одгледуваат маслинки, винова лоза, цреши и смокви. Шумското опкружување и камчестата плажа го условуваат интензивниот развој на туризмот.
БРЕЛА е мало место кое се наоѓа на Макарска ривиера. Местото е познато по тоа што има кристално чиста вода и долгите песочни плажи се простираат по краjбрежјето во должина од шест километри. Mирисот и убавината на густата борова шума само го дополнуваат чувството на убавина. Во Брела има бројни пешачки зони кои одлично кореспондираат со старите населби, стариот град со автентична архитектура на која се посебно горди Далматинците. Патот ве води се врвот на планината Биоково.
ТУЧЕПИ е село на брегот на Макарска, 4 км југоисточно од Макарска. Економската основа е земјоделството и туризмот. Марината е заштитена од ветрови од страна на надворешен пробив, оперативниот брег е долг 40 метри. Во делот помеѓу Макарска и Тучепи се наоѓаат неколку "диви" плажи кои со својата чистота и убавина никого не оставаат рамнодушен...
ПОДГОРА е село и пристаниште на Макарска ривиера, кое се наоѓа 9 км југоисточно од Макарска. Во селото има бројни извори на вода за пиење и лековита солена вода - Клокун. Економската основа е земјоделството, лозарството, одгледувањето маслиново, морското производство, риболов и туризмот.
МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА МАКАРСКА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>
ОСТРОВ БРАЧ
-> Од Макарска можете со траект на Јадролинија за 30 минути да стигнете до островот Брач, се пристигнува во местото Сумартин, а од таму имате неколку различни начини за движење низ островот.
БОЛ
-> Островот Брач нуди многу интересни содржини, а Бол е најпознатото модерно летувалиште. Плажата 'Златни рат' на Бол е надалеку позната и идеална за едрење и сурфање. Бол се наоѓа во залив кој е сместен 20 км југозападно, на западната страна на островот и е место со поволна клима за лечење.
ОСТРОВ ХВАР
-> Ако од Макарска сакате да го посетите островот Хвар, потребно е да отидете малку на југ, односно до Дрвеник, од каде со траект ќе стигнете до Сучурја на островот Хвар.
На островот преовладува лековита клима и познат е по својата природна убавина и кристална вода.
Во градот Хвар во текот на летото се одржува традиционалната летна културна манифестација, една од најстарите на хрватското крајбрежје, при која на отворена бина се одржуваат музички, театарски и фолклорни концерти.
ОСТРОВ ВИС
-> На островот Вис, до кој се доаѓа со катамаранска брза линија од Сплит или пак со траект, исто така се собираат оние кои се вљубени во параглајдинг. Собирите се на највисокиот врв на островот, а тоа е брдото Хум, над старото рибарско место Комиже. Од Комиже исто така се организира и нуркање на атрактивни локации во морето.
Градот Вис кој се наоѓа на истоимениот остров е познат и по лековитоста од својата клима, но и целиот остров е погоден за климатска терапија.
ОМИШ
-> Омиш е град сместен на реката Цетине, а од Макарска е оддалечен само 40 минути возење во насока на Сплит. Во градот се нудат интересни содржини како рафтинг или место за мирен излет покрај река каде можете добро да се најадете...
СПЛИТ, ТРОГИР
-> Сплит е град во кој можете да ја разгледате Диоклецијановата палата, наследство на светската култура, за која најновите археолошки истражувања тврдат дека служела исклучиво за одмор на императорот Диоклецијан.
Сплит изобилува со музеи и галерии, од кој ви препорачуваме да ги посетите Поморскиот, Археолошкиот, Етнографскиот музеј со галерија, Перистил, Јупитеровиот храм и Сплитската катедрала.
Недалеку од Сплит се наоѓа Трогир, град-споменик на УНЕСКО со многу познати филигрански продавници и ACI марина..
ДУБРОВНИК, ОСТРОВ КОРЧУЛА
Ако повеќе ве привлекува југот на хрватското крајбрежје, вистинска дестинација е Дубровник. Дубровник е уште едно наследство на светската култура, град во кој има многу цркви, палати, споменици, синагога, тврдина, кој цело лето живее на отворено, со многу културни содржини во текот на манифестацијата Дубровнички летни игри.
Од Дубровник се лесно достапни Лопуд, Елефитски острови и островот Корчула. Во Корчула се родил славниот поморец Марко Поло. Меѓу културните манифестации на Корчула се издвојува играта морешка која претставува витешка игра помеѓу белиот и црниот крал за принцезата која ја земал црниот крал. По жестока борба со мечеви низ седум бројни фигури и драматичен дијалог, белиот крал на крај ја ослободува принцезата. Борбата ја следи и придружува броен хор.