Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел - Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, - кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице... би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу... Близината на островите Брач, Хвар, Корчула... планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир... како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи... се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар... се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат...


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕСТИНАЦИЈАТА ПРОЧИТАЈТЕ ВО НАШИОТ БЛОГ >>>
               


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

01.ден СКОПЈЕ – МАКАРСКА
Состанок на групата во 16:30 часот на паркингот пред хотел "Holiday Inn", заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

02.ден МАКАРСКA
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.

од 03. до 08.ден МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) или студија (со тоалет и кујна) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

09.ден МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови. Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.

10.ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.


СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!!
-10% попуст за уплати до 10.07.2020


- Терминитe во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in) 

- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (7 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица во соба/студио.   
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD


- Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)  
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (7 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица на соба/студио.    
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
- Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%.
- Дете 0-2 години: бесплатно
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- Доплата за 7 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 110 EUR  / 55 EUR за деца 2-12 год., (со резервација) 
* Услугата полупансион се користи во ресторанот во Хотел Бонаца (се наоѓа во близина на хотел Биоковка)

- Употреба на клима уред (AC*), се доплатува во објектот (каде што е достапно, околу 5€/ден)
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 7 ноќевања
Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
- Организација и реализација на аранжманот
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за престој:  9 EUR по лице,   4.5 EUR за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)
- Други неспоменати услуги во програмата.
 
ЗАБЕЛЕШКИ: 
- За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
- Само превоз (автобус)  90 €  (за деца 2-12год  45 €) 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

ЛЕГЕНДА:
Соба 1/2 (1 двоен или 2 единечни кревети, тоалет), Соба 1/2+1 (1 двоен и 1 единечен кревет или помошен кревет, тоалет), AC* клима уред со доплата, Студио (соба со кујна и тоалет), TV телевизор.