Image result for corfu 

16.април (четврток)     СКОПЈЕ - КРФ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 22:30 часот. Поаѓање за Грција во 23:00 ч. Ноќно возење преку Битола и преминот Меџитлија, со попатни застанувања и одмори.

17.април (петок)           КРФ
Пристигнување на пристаништето Игуменица во претпладневните часови. Превоз со траект до островот Крф. Пристигнување и сместување во хотел. Денот е Велики петок - ден на Христовото страдање. На Крф, присуството на церемонијата со учество на хорови и илјадниците странски и домашни посетители, дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар ја свири "Посмртниот марш" од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Собирот започнува на пладне. Првата поворка го почнува своето движење од црквата Пресвета Богородица во 14:00 часот попладне, за потоа и од другите цркви една по една, се' до крајот во 22:00 часот од Соборната црква. Враќање во хотел. Ноќевање.

18.април (сабота)          КРФ
Појадок. Состанок на групата и заминување кон главниот град Крф, каде што ќе се следи свеченоста. Точно во 09:00 часот, започнува првата поворка наречена Првото Воскресение. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец - заштитник на островото. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот, од прозорците на куќите почнуваат да летаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Враќање во хотел. Враќање во хотел. Вечерта посета на Керкира, каде ке можете да присуствувате на вечерната Литургија, да запалите од  вечниот оган и да уживате во спектакуларна прослава и огномет. Ноќевање.

19.април (недела)           КРФ
Појадок. Разглед на островот со евентуална можност за посета на дворецот-музеј Ахилион (некогашна резиденција на Австриската кралица Елизабета), попатна посета на местото Канони од каде имате незаборавна панорама, една од Bella Vista точките на островот... Потоа панорамски разглед на градот: стариот град, тврдината, плоштадот со шеталиштето... Разгледот продолжува со посета на Палеокастрица (една од најстарите населби на островот). Вечерта, факултативна посета на локална таверна со традиционална грчка музика. Ноќевање.
 
20.април (понеделник)         КРФ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Заминување на пристаниште и трансфер со траект до Игуменица. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:  149 Є (9.238,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Превоз со траект Игуменица - Крф - Игуменица
- Сместување во хотел "Kostas**" во Ипсос, на база 3 ноќевања со појадок
- Попуст за трето и четврто лице во соба -10%, за деца <12г. -15%,
  на цената на аранжманот
- Организирани панорамски разгледи на Крф
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за музеите, палатите и културно-историските споменици

- Факултативна вечера во таверна
- Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на патувањето: САВАНА ДОО Скопје

 

GALLERY