Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за vienna Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за vienna


1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Австрија во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Унгарија. Ноќно возење со попатни одмори. 

2 ден 07.03.2020  ВИЕНА 
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на една од европските престолнини на културата и уметноста: Виенската Опера, музејот на историја на уметноста, царската палата Хофбург, Парламентот, градската куќа – Ратхаус, театарот Бург и Универзитетот, градскиот парк во кој се наоѓа споменикот на Јохан Штраус, палатата Белведере, Зградата на Обединетите Нации... Прошетка низ историскиот центар на градот: Хофбург, пешачката зона по улиците Грабен и Кернтнер во која се наоѓа познатата катедрала Св. Стефан. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови можност за вечерна прошетка во центарот на Виена. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ВИЕНА - БЕЛВЕДЕРЕ - ШЕНБРУН
Појадок. Слободно време за шопинг или уживање во вкусот на добро познатата Захер торта и кафето Меланге. Предлагаме  посета на дворецот Белведере – резиденцијата на принцот Еуген, еден од најубавите Барокни комплекси на светот во кој денес се наоѓа националната галерија на Австрија или факултативна посета на барокната Палата Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, кој бил роден во истата, 1830 год. Посетена од околу 6,7 милиони туристи годишно, Шенбрун Палатата е една од најпознатите културно историски споменици во Австрија, заедно со паркот и градините е најголема туристичка атракција во Виена. Во Декември 1996 год. е заштитена од УНЕСКО како дел од Светското Културно Наследство Посета на познатата Дунавска кула (Donauturm) – највисоката градба во Виена на чиј врв се наоѓа ротирачки ресторан кој овозможува единствен панорамски поглед на градот. Можност за посета на Пратер, еден од најпознатите забавни паркови во Европа. Во вечерните часови факултативна вечера во традиционален ресторан со музичка програма. Ноќевање.  

4 ден 09.03.2020 ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на Падорф и можност за шопинг и индивидуалн активности.Во попладневните часови заминување за Скопје. Патот води преку Унгарија и Србија, ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.


Цена на аранжманот:

144 € (8.928,00 мкд) 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во ***, 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативна посета на Дворецот Шенбрун - 30 €
- Вечера во традиционален ресторан - 25 €
- Влезници за музеи и културно-историските споменици
- Групно патничко осигурување.

НАПОМЕНИ:
- Цената на аранжманот е за лице, со сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје

GALLERY