Полихроно – одмор за сите генерации


Во срцето на Касандра, на помалку од 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики. Совршено е не само за семеен одмор – Полихроно е одличен избор за сите генерации. Може да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да прошетате во околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети, пекарници ви се на дофат, па нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има и аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед.

Тоа што му дава посебен шарм на ова летувалиште е песочната плажа долга околу седум километри, која се протега по должината на гратчето. Во најголемиот дел е прекрасно уредена и со сигурност ќе најдете ваше омилено катче меѓу многуте beach барови. На некои делови на плажата има содржини и за љубителите на водени спортови и разни активности на вода.
Децата сигурно ќе се радуваат не само на водените игри, туку и додека собираат школки, и тоа разни видови.

За сместување ви препорачуваме:

VILLA STASHA


Вилата STASHA Apartments се наоѓа во централниот
дел на Полихроно, на оддалеченост од околу 190 метри
од градската плажа. Во својот состав брои голем број на
двокреветни и трокреветни студиа, како и апартман...

VILLA ASIMENIA

Вила ASIMENIА се наоѓа во стариот дел на Полихроно
во близина на центарот на ова туристичко место. Овој објект
има трокреветни студиа, апартмани со една спална за три и
четири лица и истите се респоредени на високо приземје

МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА ПОЛИХРОНО КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>

За сите љубители на активен одмор, кои не сакаат деновите да ги поминуваат секој ден на иста плажа и на исто место, Полихроно е добра вест – околината на Полихроно е исклучително интересна.

Ви ја препорачуваме организираната тура до островот Келифос (желка) до кое одат повеќе бротчиња. Бротчето ќе ве одведе до живописна лагуна каде што ќе можете да уживате во едно од најубавите капења – директно од бротчето. Островчето има форма на желка и на него нема плажи, но бротчето ќе биде ваша плажа, а токму тоа е посебно доживување.
Постојат и целодневни тури со кои може да крстарите околу Касандра. Тоа е вистински одмор.
На само три километри од Полихроно се наоѓа езерото Мавробара. Овде може да тргнете во обиколка во сафари-џип и, повторно, да уживате, бидејќи природата е недопрена.



 
Езерото Мавробара
Секако, во непосредна близина се и другите познати летувалишта, како Ханиоти, Пефкохори и Калитеа, па зошто да не ги посетите. Не пропуштајте ја плажата Ксенија, која се наоѓа сосема близу до Полихроно.



Плажата Ксенија
Кога одите од Пефкохори кон југот на полуостровот, патот ве води кон една од најубавите плажи, т.н. "Златна плажа". Златната плажа е организирана плажа со убави камчиња, песок и многу чисто море и е особено популарна кај семејствата со деца. На истиот дел од брегот е плажата Ксенија или Крусо како што туристите сè уште ја нарекуваат.
Морето овде е исклучително транспарентно. Внатрешноста на плажата е полна со борови дрвја, благодарение на кои има природни сенки. Исто така, постои можност да се вклучите во разни спортски активности како и спортови на вода. Оваа плажа е многу посетена, па затоа понекогаш е и преполна.
Доколку сакате да земете лежалки во некој од баровите, подобро е да ја посетите во утринските часови.