Olympic Beach – во друштво на боговите 


Пред вас сино и чисто море и бескрајна песочна плажа, додека грбот ви го чува домот на боговите од грчката митологија. Во подножјето на Олимп, на само три часа од Скопје, се протега Олимпик Бич, летувалиште кое сигурно ви е добро познато и место каде што сигурно сте се вратиле повеќе од еднаш.
Fully equiped apartment Olympic beach - KATERINI Entire apartment ...

Олимписката плажа е многу долга, песочна, морето е топло и чисто, а децата тоа најмногу го сакаат заради убавиот песок и долгите плитки. Добро е организиран, има лежалки и чадори,  барови, тушеви и кафулиња. Исто така, има детски парк и нуди забава за љубителите на спортови на вода и песок. Во близина на плажата има пешачка зона со разни продавници, маркети, ресторани, бутици, хотели и приватни вили. Ова место нема толку богат ноќен живот, но заради близината на Паралија, тука има и многу млади луѓе, иако плажата е идеална за семејства. Лесно е достапна, од Паралија може да се стигне со локален автобус, автомобил или прошетка по плажа.

За сместување ви препорачуваме:

VILLA ELEFTERIA

Вила Елефтериа се наоѓа во средишниот дел
на Олимпик бич, на околу 150 метри од песочната
плажа. Опкружена е со зеленило и располага со
16 студија распоредени на приземје и 3 ката, со голем
двор со плочник и простор за заедничко користење и
дружење и место за багаж. 

 


Шармот на ова место е спој од величествена природа и историско наследство. Olympic Beach е место за сите. Тука може да најдете мирен одмор, спортови на пространата плажа, релаксација на шеталиштето, вкусна храна, но и ноќен живот и забава. 

Локацијата е одлична – Паралија е на само 3 километри, а Лептокарија и Неи Пори на половина час, односно 40 минути.


Градот Катерини, културен и трговски центар на овој дел од Грција, е на само 6 километри од Olympic Beach, па може да се почестите и со шопинг. Дури и Солун не е далеку, на само 1 час возење.


ОСТАНАТИ ПЛАЖИ НА ПИЕРИА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ>>

SUMMER IN GREECE 2018"SKOTINA BEACH-KASTRO PLATAMON-PIERIA"XIAOMI ...
Skotina
Во близина на плажата, само неколку километри е оддалечено старото традиционално село Ано Скотина со црква од 14 век и камени куќи од 17 и 18 век. Плажата е пространа, покриена е со златен песок и за беспрекорна вода неколку пати е доделена сино знаме. Делумно е организирана, на некои места има лежалки и чадори, а има и природна сенка. Исто така постои и меѓународен центар за млади и најголемиот камп на Балканот, така што во текот на летото се организираат музички и културните настани. Плажата е долга и широка, така што може да прими голем број посетители и лесно е достапна.

Methoni Beach – Ecotourism Greece
Pydna
Ова е прекрасна, долга и широка плажа покриена со златен жолт песок. Има добиено сино знаме за исклучително чисто море. Организирана е со лежалки и чадори каде што можат да се изнајмат, а има и природни сенки. Исто така постои и бар со освежителни пијалоци и лесна грчка музика. Поради широчината, плажата е добра и за спортови на песок. Во близина на плажата се наоѓаат остатоците од византиските утврдувања кои сè уште чекаат да бидат истражени. Лесно е достапен и идеален за семејства со деца и секој што не сака премногу гужва.

An Introduction to the Olympus Riviera, Greece: Hike, Sunbathe & Relax
Litochoro
Прекрасна плажа комбинација со камчиња и златен песок, се наоѓа во подножјето на Олимп и е многу лесно достапна. Добро организирана, со кафулиња и таверни, каде можат да се изнајмуваат лежалки и чадори. Во близина на оваа плажа има хотели, кампови, како и рибни ресторани кои нудат свежа риба. 


Alikes Kitros
Плажата е песочна, долга, широка, пространа и никогаш не преполна. Специфично за оваа плажа е лековитата кал. Покрај лежалки и чадори што можете да ги изнајмите, нема други објекти на оваа плажа. Лесно е достапна и се препорачува за љубителите на природата и тишината.

Beach, Gritsa, Greece | Beach in Gritsa (Γρίτσα), Dio-Olympo… | Flickr
Gritsa
Оваа плажа се наоѓа во подножјето на планината Олимп,покриена со камчиња, а морето е кристално чисто. На плажа има лежалки и чадори за сонце кои можат да се изнајмат. Долга е околу 2 км, иако има потесни делови со малку природна сенка. Плажата гарантира релаксиран и мирен престој. Исто така, постои марина за мали чамци и неколку луксузни хотели во близина.

Kalivia Varikou
Оваа плажа  е долга  3 км, широка, покриена со песок и камчиња. Морето е  топло и плитко, па затоа е идеална за семејства со мали деца. Плажата не е организирана, нема содржини, па затоа е потребно да донесете сè што ви треба за да останете на неа. Лесно е достапна и е идеална за целодневно уживање. 


Korinos
Оваа плажа е долга неколку километри, песочна, со многу плитко и кристални чисто море, па затоа е идеална за семејства со деца. Покрај самата плажа има барови каде што можат да се изнајмат лежалки и чадори за сонце, и лесно е достапна.

Leptokaria Beach - Astarti Studios
Leptokaria
Оваа плажа е долга и широка и е комбинација на песок и камчиња, со топло и чисто море. Влезот во вода е со нормалена длабочина, па за тоа плажа е добро за децата, не-пливачи, но исто така и за пливачи. Организирана е, има многу барови, таверни, делови со тушеви, лежалки и чадори, но и такви каде што нема никој за секој што сака малку мир. Иако ова одморалиште е многу популарно, плажата не е преполна, бидејќи е многу пространа. Погледот на божествениот Олимп, шеталиштето покрај плажата и паркот го прави овој амбиент попривлечен. Во близина има многу хотели и вили, ресторани, маркети, кафулиња, дискотеки, како  и пешачка зона. 

Lassithi Makrigialos beach - Lassithi Beaches | Greeka.com
Makrigialos
Овој мал крајбрежен град се наоѓа на северот од регионот Пиерија.  Плажата е песочна, тесна и долга, а по целата плажа има лежалки и чадори што можат да се изнајмат. Морето е многу чисто. Во внатрешноста на плажата има таверни, барови и одлични ресторани за риби. Плажата е тивка, како и самото место, па затоа се препорачува на сите што сакаат да се релаксираат без премногу гужва и врева. На самиот северен крај на плажата, има еден мал скриен песочен залив Agios Giannis, неорганизиран, особено привлечен за оние кои сакаат да бидат сами и уживаат целосен мир. Плажата Макригиалос е лесно достапна, бидејќи се наоѓа веднаш под главниот пат.

Die Promenade morgens " Evdion Hotel (Nei Pori) • HolidayCheck ...
Nei Pori
Самото место е специфично, со широки улици, големи плоштади и детски игралишта лоцирани во близина на плажа. Плажата е многу пространа, широк околу 100 метри и долга околу 6 км. Покриено е со убав фин песок, организирано со кафулиња, барови и таверни, лежалки и чадори што можат да се изнајмат, но и тивки делови. Морето е чисто, многу плитко, па затоа е идеално за деца, но и за спортови на вода и на плажа. Во близина на плажата има вили, хотели, продавници, маркети, ресторани, како и шеталиште идеално за љубителите на долги прошетки. Плажата и местото се многу лесно достапни, се препорачуваат за љубителите на мирен одмор.

Discover Greece » Pieria, Paralia Katerini
Paralia
Оваа космополитска плажа е долга неколку километри, со фин песок на брегот и во водата и многу топло и чисто море. Плажата е многу добро организирана, и покрај неа има многу барови, ресторани, таверни, маркети, продавници за сувенири, облека, обувки, кожа и крзно, накит, голем број на различни вили и хотели за сместување… Оваа плажа ќе ги исполни очекувањата на сите: заради многу плитко море и разни паркови и игри, се препорачува за семејства со деца; поради бројните барови и богатиот ноќен живот е идеално за младите кои сакаат да се забавуваат; одлично е за паровите кои сакаат да шетаат по долгата плажа, како и за гурманите, љубителите на шопинг… Не е само за оние кои бараат мир и тишина и не сакаат гужва, бидејќи оваа плажа е секогаш жива, особено во нејзиниот централен дел. Во јужниот дел на плажата, кога се упатувате кон олимписката плажа, има марина за помали чамци.