Сивири е мало место на западниот брег на првиот крак на Халкидики – Касандра. Изграден е во стил на амфитеатар покрај песочниот брег. Познат е по фестивалот Касандра што се одржува тука секоја година во јули и август во античкиот амфитеатар во непосредна близина на местото, па доколку имате желба, може да погледнете дел од содржините.
Морето овде е плитко и чисто и вашите малечки сигурно ќе уживаат. На плажите има повеќе бич-барови во кои може да се освежите. Песокот е ситен и создаден за одбојка или пинг-понг на плажа, воопшто за забава.

Stathis Hotel - Apartments, Siviri Halkidiki Greece

За сместување ви препорачуваме:


HOTEL JENNY

                 
Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Сивири
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен,
детски базен, 
бар покрај базен (pool bar), snack бар,
бежичен интернет (wi-fi), лежалки 
и чадори покрај базен,
паркинг...

Сместување: собите се опремени со тоалет, мини бар,
фрижидер, 
интернет, балкон со поглед на градина или море.
Опис: Хотелот се наоѓа на околу 250м. одалеченост од
плажа, 
околу 100м. од центарот на Сивири. Во близина
на хотелот се наоѓа 
автобуска станица.
Плажа: песочна

 

VILLA SARIZAS

Вила Саризас е лоцирана во Сивири на Касандра,
Халкидики – Касандра. Истата е оддалечена 80 метри
од плажата во централниот дел на градот. Вилата
располага со 1/2+1 апартмани опремени со
сопствена кујна, тоалет, балкон, ТВ, Wi-Fi  клима.

VILLA SIRTAKI

Вила Сиртаки е лоцирана во во Сивири,
на околу 50 метри од хотелот Џени и
околу 200 метри од плажа. Располага со
1/3 и 1/2+2 апартмани сместени на 1ви кат,
со голема и комплетно опремена кујна...

МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА СИВИРИ KOИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА JA ПОСЕТИТЕ >>

Освен што е супер избор за семеен одмор со мали деца, локацијата е одлична и доколку сакате да прошетате. На западната страна на Касандра може да ги посетите Фурка, Елани и Посиди.
Особено ви го препорачуваме ‘Ртот Посиди, најзападната точка на Касандра. Станува збор за тесен песочен нанос кој навлегува во морето и на крајот се извиткува и се врти наназад. За да уживате максимално во ова искуство потребен ви е ваш чадор, храна и вода. Сместете се токму на крајот од песокот и ќе добиете две плажи и неверојатна глетка. 

Посиди се наоѓа на 15 минути возење, а Фурка и Елани се уште поблиску. На источниот брег, пак, на 13 минути возење е Калитеа, на 22 минути -  Афитос и на 24 минути - Полихроно.