ПЛАЖИ НА СИТОНИЈА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>

Trani Ammouda beach, Livrohio | Sithonia Greece
Плажа за тивок одмор - Ливохио.

Ормос Панагиас се наоѓа на источната страна на Ситонија,а плажата Ливрохио се наоѓа северно од селото.
Ормос Панагиас е местото од каде бродовите пловат кон Светата Гора. Црквата посветена на Пресвета Богородица од византиската ера е главното обележје на селото.
Ова е можеби најубавата плажа на Халкидики.
Плажата Ливохио е носител на Синото знаме и заслужено се наоѓа на самиот врв на листата на најубавите плажи во Ситонија.
Плажата се карактеризира со убав песок и се смета за најстарата песочна плажа во Ситонија.


Karidi beach | Sithonia Greece
Плажа за деца и не-пливачи - Кариди

На северо-источната страна на Ситонија е плажата Кариди, една од најатрактивните плажи на Ситонија.
Плажата Кариди се наоѓа на крајот на одморалиштето Вурвуру.
Нема барови на плажа, со тоа нема ни чадори и лежалки, па целата организација на опрема е на вас. 
На плажа има кантини, каде што можете да купите пијалоци по пристојни цени, а доколку сакате таверна или пицерија, во близина на плажата има пристоен ресторан - Мелија.
Бидејќи ветровите скоро не дуваат тука, плажата Кариди секогаш е обележана со мирно и топло море.


Orange beach (Kavourotripes) | Sithonia Greece
Нај убавата плажа на Ситонија - плажата Портокали
Портокали може да се нарече најинтересна плажа на Ситонија и истате е многу популарна и посетена.
Портокаловата плажа е позната и како Кавуротрипс. Сместена е на 7 километри од Сарти.
Плажата Портокали, всушност, се состои од низа мали песочни заливи и бели карпи.
Песокот овде е бел, а морето потсетува на огромен плиток базен. Се препорачува да нуркате околу белите карпи на кои исто така можете да седите и да одмарате под сенките на боровите.
Во близина на главниот дел од плажата има бар, со ограничен број на чадори и лежалки.
Постојат помали плажи и кантини во близина на плажата каде можете да купите пијалоци и храна, но се препорачува да донесете сè што ви треба пред да дојдете овде - вода, овошје, опрема за плажа...
Во позадина на плажата има борова шума, особено популарна кај камперите. Исто така, постојат и делови од морето кои се во сенка на дрвја или карпи.
Плажата не е лесна за пристап и од местото каде што паркирате треба да пешачите околу 200 метри низ шумата.


Kalogria beach | Sithonia Greece
Плажа Калогриа - Ситонија.

На 5 километри оддалеченост од Никити е плажата Калогрија. Кога се споменуваат најубавите плажи во Ситонија, луѓето се сеќаваат и на плажата Калогрија.
Плажата Калогрија е песочна, долга и тесна. Влезот во водата е плиток и е потребно долго време да се прошета за да се достигне пристојна длабочина. Морето е исклучително мирно и совршено за оние кои сакаат да уживаат со душек на вода или се почетници во нуркање.
Постојат два популарни барови - Бар Манго Бич и Исла Бич Бар.
Исла Бар е популарна кај помладата популација, додека љубителите на одбојка на плажа имаат терен во близина на барот Манго.
Доколку сакате да си обезбедите за себе и на своите најблиски природна сенка на оваа плажа, мора да дојдете порано во утринските часови.
Плажата не е препорачлива за кампери и за оние кои не сакаат гужва и бучава.


ОСТАНАТИ МЕСТА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>

Метаморфози – семеен одмор меѓу морето и мирисот на боровите
Замислете мирис на море измешан со мирис на борова шума. Всушност не мора да замислувате – токму таа убавина ја има во Метаморфози, едно од најмирните места на почетокот на Ситонија, покрај море, на зелена падина. Жителите овде важат за исклучително љубезни.
Златните и свиленикави песочни плажи, чистите сини води и одличната локација го прават одлична дестинација за семеен одмор, особено за семејства со помали деца, но и за „истражувачи“ што сакаат секој ден да го поминат на различна плажа на Ситонија.
Плажата на Метаморфози, всушност, е синџир од повеќе плажи што го одбележуваат почетокот на вториот крак на Халкидики – Ситонија. Главна е градската плажа, со сино знаменце, но како што се движите надолу по кракот се нижат помали организирани, симпатични плажи во состав на хотелите или на beach-барови. Овие плажи се комбинација од ситен и крупен песок, а морето е чисто и одлично за пливање. Мирисот на боровите на сето ова му дава посебен „зачин“.
За „истражувачите“, три од топ 10 плажите на Ситонија се на растојание од помалку од 20 минути возење - Агиос Јоанис кај Никити – 14 минути, Калогрија меѓу Никити и Неос Мармарас – 17 минути и бескрајната Трани Амуда кај Ормос на – 19 минути. Но доколку не ви пречи да возите и подолго, цела Ситонија ви е на дланка.

Metamorfosi - Sithonia tourist guide - Nikana.gr


Никити се протега по главниот пат, од двете страни и нежно се спушта кон прекрасната песочна плажа и кристално синото море. Никити има единствен супермаркет „Лидл“ во Ситонија, што секако помага во неговата популарност кај сите туристи. На горната страна од автопатот е стариот дел од одморалиштето Никити. Во ова одморалиште има и доктор, банкомат, голем број маркети и прекрасно шеталиште  што се протега по целата должина на песочната плажа. Покрај плажата, можеме да спомнеме  дека има голем број на убави кафулиња и таверни, ресторани за морска храна и скара. Никити е познато место за производство на мед.
Nikiti, Sithonia, Halkidiki, Greece - YouTube


Неос Мармарас, космополитско и неодоливо место кое никој не го остава рамнодушен. Изграден е во стилот на амфитеатар, и се наоѓа во најголемиот планински регион Ситонија.  Поврзан е со меѓуградски превоз со другите градови на полуостровот, како Торони, Сарти, Никити. Покрај тоа, постојат дневни рути кои го поврзуваат овој град со Солун. Од година во година, ова интересно место собира многу посетители кои уживаат во кристално чистото море, златен песок, ароми на еукалиптус и живописни пристаништа. Постојат грчки ресторани на главната улица, со традиционални мотиви и најдобри специјалитети за морска храна во овој дел на Грција. Неос Мармарас претставува збир на урбани објекти, како што се хотели, ресторани, барови, кафулиња, но и традиционална убавина на грчкото крајбрежје, во кое се сместени некои од најубавите плажи на Халкидики.
Maria's Apartment, Neos Marmaras, Greece - Booking.com


Сарти е уште едно парче рај на Ситонија.
На 140 км од Солун на источниот брег на Ситонија, се наоѓа Сарти, можеби едно од најубавите одморалишта во областа. Веднаш ќе бидете воодушевени од неговиот космополитски шарм, тесните улици полни со таверни, барови, ресторани, продавници за сувенири и разни продавници, од една страна, и тиркизната сина боја и погледот на Атос од друга страна. Ова место се соочува со Света Гора и е целосно подредено на потребите на туристите. Самото место е поделено на стари и нови делови. Главното шеталиште се наоѓа помеѓу плажата и бројните таверни и продавници.  Градската плажа во Сарти е долга околу 2 км и во стариот дел е добро организирана, баровите на плажа се на секој чекор. Во центарот на градот има градски плоштад и околу него и на страничните улици има продавници, мини маркети и супермаркет.
Sarti beach | Halkidiki