ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

18.ноември (среда)                     СКОПЈЕ - АНКАРА        

Состанок на групата на паркингот спроти хотел ' Holiday Inn” во 15.30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве баир - Ѓушево преку Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори.

19.ноември (четврток)                АНКАРА
Пристигнување во Анкара во попладневните часови. Панорамско разгледување на Анкара-главниот град на Република Турција. Пристигнување во престолнината на Турција, панорамски разглед на градот; Мавзолејот на Ататурк - ' Tатко на нацијата', зградите на владата и парламентот, можност за посета на Музејот на Анадолиските цивилизации, каде хронолошки се изложени експонати од палеолитот до денес. Сместување во хотел. Ноќевање.

20.ноември (петок)                      КАПАДОКИЈА
Појадок. Рано наутро продолжување кон Кападокија. Името што во превод значи „Земја на убавите коњи“ е непрегледната област  пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите, а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павле ги води првите Христијани, тоа е родното место на Св.Георги и Св.Василиј Велики.  Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде , магични кули недопрени од човечка рака...сето тоа е распослано во Музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на Унеско...Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови исечени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески...Посета на тврдината Учхисар од каде се простира прекрасна панорамна глетка на целата област.  Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

21.ноември (сабота)                      КАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ
Појадок. Одјавување од хотелот рано наутро и попатна посета на Деринкују, еден од подземните градови кои Хетите ги изградиле  во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се што треба да има еден град-резервоари за вода, магацини за жито, воденици, штали, станбени простории...Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители. На пладнe поаѓање за  Истанбул. Пристигнување доцна вечерта. Сместување во хотел. Ноќевање.

22.ноември (недела)                     ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Панорамски разглед на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на златниот рог и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство), можност за посета и на базиликата „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемата од неколкуте антички резервоари за вода која сеуште стои под Истанбул).Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот и старата Капали чаршија. Попладне заминување за Македонија, дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје  наредниот ден во утринските часови.

 Цена на аранжманот: 189 €    (11.720,00 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:       
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотели со *** во Истанбул 1НП,  Кападокија 1ПП, Анкара 1НП
- Сите разгледи према програмата со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Влезници за културно историски знаменитости (цените се од информативен каратер)
♦ Базиликата Цистерна и Аја Софија: 22€
♦ Кападокија влезници: 25€
- Патничко осигурување: 190 мкд за лица до 64г.
 
НАПОМЕНИ:
- За патување и влез во Турција, не е потребен претходен негативен PCR тест за "Covid 19", како воедно ни за транзитното патување низ Бугарија.
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА