1 ден 16.04.2020 (четврток) СКОПЈЕ - ЗЛАТИБОР 
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во  22:30 часот. Поаѓање за Златибор во 23:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

2 ден 17.04.2020 (петок)  ЗЛАТИБОР – СИРОГОЈНО 
Пристигнување во утринските часови во Златибор. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски  куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел . Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

3 ден 18.04.2020 (сабота)  ЗЛАТИБОР – ДРВЕНГРАД  ( Етно Село на Емир Кустурица ) 
Појадок. Факултативна посета на Дрвенград, едно од  најпознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“ Дрвенград полека прераснува во еден мал град,  кое е вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки кои се изградени од дрво, и чија архитектура ви дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметност, куќарка – слаткарница во која можете да уживате во домашно припремени слатки, кино сала, ресторан, црква... Древен град е домаќин на интернационалниот филсми фестивал кој се организира во селото секоја година. Идејата на Кустурица е враќање кон природата и зближување со неа и со традиционалните вредности кои полека се губат. Пауза за индивидулани прошетки. Слободно време. Враќање во Златибор во попладневните часови.Слободно време за прошетка низ Златибор.  Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 (недела)  ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ 

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. 
Попатна посетана на етно селото Злакуса на пладне.. Селото е познато како прво еколошко село во Србија и најстаро грнчарско село на Балканот. Можност за посета на етно куќата „ Терзич Авлија„ , која е автентичен приказ на селско домаќинство од овој регион. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 8.250,00 мкд.

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во Hotel Mona ****  на база 2 ноќевања со појадок
• Бесплатно користење на затворен базен, 2 топли хидромасажни базени, теретана, интернет
• Туристичка такса 
• Посета на Сирогојно ( не е вклучена влезницата)
• Организирани туристички разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Влезници за музеите и културно - историските споменици
• Доплата за вечера 10€ по лице на ден
• Факултативна посета на Дрвенгард 5€ (не е вклучена влезницата)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ