ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
 
05.декември (сабота)         СКОПЈЕ - СОЛУН
Сотанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица - Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот: Виа Игнатиа, црквата Св.Димитрија, во катакомбите и криптата под црквата се наоѓаат моштите на Св.Димитриј, Св.Атанасиј и Св.Григориј Ираклиски, разгледот продожува кон Римскиот форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула... Попладне можност за посета на познатите Шопинг центри на Солун,   слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
06.декември (недела)          ВЕРИЈА - КАСТАНИА - ЛУТРАКИ - ПИЕРИА
Појадок. Заминување кон Верија и селото Кастаниа, посета на манастирот “Панагиа Сумела“, во кој се наоѓа чудотворната икона со истото име – дело на цветиот апостол и евангелист Лука. Во продолжение на патувањето, посета на манастирот и црквата “Св.Јован Крстител“ над Верија (Бер), каде веќе 700 години се наоѓаат дел од моштите – черепот на Свети Климент Охридски. Патувањето продолжува кон областа Меглен, северно од Воден, со посета на селото Лутраки (Пожарско) познато по бањите и изворите со лековита вода. Краток одмор во Лутраки до заминување кон регионот Пиериа. Сместување во хотел. Ноќевање.
 
07.декември (понеделник)         ТЕСАЛИЈА - КАЛАМБАКА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување кон Тесалија и Каламбака. Посета на местото Метеори, кад на високите карпи, се издигаат неколку манастири сведоци на човековата посветеност кон Бога. Посета на манастирот “Преображение“ или “Големи Метеори“. Во непосредна близина, посета на “Варлаам“ - вториот по големина манастир на Метеори. Пауза за ручек во пријатана околина , во близината на Метеори. Во враќање, попатна посета на клисурата Темби, каде се наоѓа познатата пештерна црква црква Агиа Параскеви (Св.Петка). Попладне поаѓање за Скопје. Пристигнување во вечерните часови. 

Цена на аранжманот: 89 € (5.520 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, на база две ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување
 
НАПОМЕНИ:
- Статусот на аранжманот е информативен.
- За патување во Грција се уште не е отворена можноста за влез, ниту пак се објавени упатствата за евентуален влез со потреба на тест за "Corona". 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот е САВАНА доо Скопје

Image result for THESSALONIKI