РАФАЕЛО ВО АЛБЕРТИНА
Savana , 24 окт.
Рафаело Санцио де Урбино или Рафаело Санти (1483-1520 година) е италијански уметник и архитект од Фиренската школа. Тој е претставник и твори во времето на Ренесансата, кој го опфаќа периодот од XV век до првите години на XVI век. И покрај за жал својот краток животен век Рафаело оставил после себе си огромно живопишно наследство. Уште како млад тој бил прочуен како “сликарот на богородици“. Голема слава му донасуваат и неговите фрески во Ватикан.
Рафаело стои заедно со Леонардо да Винчи и Микеланџело како еден од најважните мајстори во историјата на уметноста. Како сликар и архитект, работејќи во Фиренца и во Рим, папи и принцови, Рафаело бил вистински универзален гениј на Високата Ренесанса, кој постојано се обидувал да постигне рамнотежа меѓу имитацијата и идеализацијата на природата.


На оваа изложба се вклучени импресивни дела од сите негови креативни периоди.

