Програма на патувањето:
 
12.ноември (чеврток)   СКОПЈЕ - КУШАДАСИ  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Турција во 17:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве баир - Ѓушево преку Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори.
 
13.ноември (петок)    КУШАДАСИ - ЕФЕС - СЕЛЏУК
Во утринските часови премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со  посета на еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период Ефес. Потоа следи посета на  куќата на Богородица во која според легендите ги минува последните години од својот живот, како и црквата на Св.Јован во Селџук. Пристигнување во Кушадаси и сместување  во хотел во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.

14.ноември (сабота)            КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕ
Појадок. Целодневен факултативен излет до Памуккале и Хиераполис. Разгледување на античкиот град Хиераполис кој е под заштита на UNESCO од 1988 година како дел од светското културно наследство. Основан е  во 2 век п.н.е. како термална бања, а именуван е по веќе постоечкиот храм или по божицата Хера. Посетете  ги  импресивната гробница, главната улица и нејзините порти, термалните бањи, римскиот театар и музејот. Незаборавна можност да ги видите и скалестите базени создадени со седиментација на варовник и калциум, исполнети со термална вода која на некои места достигнува и до 100°C. Попладнето посета на грчкиот антички град Афродисијас изграден во чест на грчката божица Афродита (божица на убавината), посетувајќи ги Храмот на божицата, стадионот, Агората, Одеонот, Адриановите бањи... Во попладневните часови враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.
 
15.ноември (недела)   КУШАДАСИ - ИЗМИР - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Скопје. Попатна посета на Измир со можност за индивидуална прошетка низ центарот на градот. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

 Цена на аранжманот:   119 €  (7.378,oo мкд)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
Попатни посети на Ефес, Селџук и Измир
- Сместување во хотел ***, "DBL" соби, 2 ноќевања (полупансиони)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

* Ефес влезница - 13€
* Памуккале (водич, влезница, транспорт и ручек) – 44€
- Влезници за индивидуални посети на музеите и културно - историските споменици
- Индивидуално патничко осигурување
(Информации во агенцијата!)

НАПОМЕНИ:
- За патување и влез во Турција, не е потребен претходен негативен PCR тест за "Corona", како воедно ни за транзитното патување низ Бугарија.
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА