27.декември (петок)          СКОПЈЕ - АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 19:30 часот. Поаѓање конГрција во 20:00ч. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
 
28.декември (сабота)          АТИНА - АКРОПОЛ
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошеткиНоќевање.
  Резултат со слика за korintРезултат со слика за epidaurus 

29.
декември (недела)        КОРИНТ - ПЕЛОПОНЕЗ - АРГОЛИДА
Појадок. Организиран целодневен излет на Пелопонез низ областа Арголида. Разглед на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на продавница - работилница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање.
 
30.декември (понеделник)   АТИКА - СУНИОН - ПИРЕА   
Појадок. Организиран полудневен излет низ Атика со прошетка покрај Аполоновата ривиера. Панорамски разглед на летувалиштата Глифада, Вула и Вулиагмени... со посета на рт’от Сунион кој е воедно и најужниот дел од европското копно. Поглед кон арехеолошкиот локалитет и античкиот храм, подигнат над карпата во слава на богот Посејдон. При враќање кон Атина, посета и разглед на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и нејзините познати марини со мноштвото рибни ресторани крај нив. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.
Image result for сунион Image result for ДЕЛФИ
31.декември (вторник)          ДЕЛФИ - АРАХОВА
Појадок. Организран излет со посета на еден од најбогатите археолошки локалитети во Грција - античкото светилиште "Делфи". Разглед на локалитетот и тамошниот музеј со непроценлива збирка на археолошки предмети и богатства. Во враќање кон Атина попатна посета на малото гратче Арахова на планината Парнас. Враќање во попладневните часови. Навечер, свечен Новогодишен дочек во национален ресторан - таверна на Плака, со мени од грчката кујна и богата уметничка програма. Ноќевање.
 
01.јануари (среда)            АТИНА - МЕТЕОРИ - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и од Атина. Патувањето кон Македонија води преку Тесалија и Лариса, со попатна посета на прочуените Метеори. Посета на еден од повеќето средновековни манастири, изградени над високите камени карпи над градчето Каламбака. По посетата на манастирот и тамошните цркви, пауза за ручек во некоја од локалните таверни. Попладнето патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните  часови.

Image result for таверна калокеринос Image result for метеора


 Цена на аранжманот со сите вклучени услуги:  
230 €  (14.260 мкд) само за уплати до 16.ноември 
270 €  (16.740 мкд) редовна цена до пополнување

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 4 ноќевања со појадок 
- Свечена Новогодишна вечера во таверна на "Плака"
- Организирани разгледи, излети и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Туристичка такса 1,5€ по лице на ден, наплата на рецепција во хотелот
- Патничко здраствено осигуривање 
 
Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 50 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА