КУШАДАСИ

Троја, Ефес, Памуккале...

 Kusadasi 2020: Best of Kusadasi, Turkey Tourism - Tripadvisor Beginners Guide to – Kusadasi Town Centre - Kusadasi News


Термини: 04.март, 29.април и 20.мај



1.ден     СКОПЈЕ - КУШАДАСИ
Состанок на групата на договореното место во 15:30 часот. Поаѓање за Турција во 16:00 часот. Патот води преку граничниот премин Деве баир - Ѓушево преку Бугарија. Ноќно возење со попатни одмори. 

2.ден     ЧАНАКАЛЕ - ТРОЈА - КУШАДАСИ 
Во утринските часови, премин преку Мраморното море со траект кај градот Чанакале. Патувањето продолжува кон Кушадаси со попатна посета на локалитетот Троја - античкиот град познат од митот за Илијада. Местото Хисарлик, во северозападна Турција, е идентификувано како Троја уште од античко време. Археолошките истражувања покажуваат дека бил населен скоро 4.000 години почнувајќи од околу 3000 г.п.н.е. Пристигнување во Кушадаси во попладневните часови. Панорамски разглед на Кушадаси Сместување во хотел. Можност за прошетка низ стариот дел на Кушадаси. Ноќевање. 

3.ден     КУШАДАСИ - ЕФЕС - СЕЛЏУК  
Појадок. Организирана посета на Ефес - еден од најбогатите археолошки локалитети од античкиот период, куќата на Св. Богородица во која според легендите ги минува последните години од својот живот, како и црквата и гробот на Св. Јован во Селџук. Можност за попатна посета на фабрика за производство на облека од кожа. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечера. Можност за посета на национален ресторан со музичка програма и танци. Ноќевање.

4.ден     КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативно излет до Памуккале. Памукале е град во западна Турција, познат по термалните води богати со минерали, кои течат по белите тераси од травертин на блиското рид. Соседниот град Хиераполис, антички римско-бањски град основан околу 190 г.п.н.е. Урнатините таму вклучуваат добро сочуван театар и некропола со саркофази кои се протегаат на 2 км. Античкиот базен е познат по потопените римски столбови (колони), како резултат на земјотрес. Попладне, враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

5.ден      КУШАДАСИ - ИЗМИР – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Скопје. Попатна посета на Измир со можност за индивидуална прошетка низ центарот на градот. ....Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни одмори.Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.


Цена на аранжманот:
199 € (12.340,00 мкд)
 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел со **** во Кушадаси на база 3 полупансиони (појадок и вечера)
- Панорамски разглед на Кушадаси со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни програми: 
* Ефес и Слеџук (водич, влезница, транспорт): 30€
* Памуккале (водич, влезница, транспорт): 30€
* Влезница за Троја околу: 5-7€
- Влезници за индивидуални посети на музеите и културно - историските споменици 
- Патничко осигурување: 190мкд за лица до 64г.
 
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

 



Author : 195 €

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~
SAVANA - 24/11/2020
~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~