ЛЕТО 2020 ШПАНИЈА

Kоста Брава – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок.Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриене скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија.
Image result for lloret de mar spain Gallery image of this property


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1. ден / 01.08.2020  СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во  04:30 часот, полетување за Барселона во 06:35 ч. Слетување во Барселона во 09:25. По поминување на сите гранични и цариснки формалности, организиран трансфер кон хотел. Сместување во хотел, вечера. Ноќевање.

2. ден - 7. ден / 02.08. – 07.08. КОСТА БРАВА 
Појадок. Ручек. ВечераДенови наменети за уживање на топлото Шпанско сонце или пак посета на бројните организирани факултативни екскурзии... 


8. ден / 08.08.2020    БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување според хотелски правила. Слободно време до времето предвидено за трансфер. Организиран трансфер до Аеродромот во Барселона. Полетување на авионот кон Скопје, вo 10:00 ч. Слетување во Скопје во 12:45 часот. 


Цена на аранманот: 615 Є (38.130,00 мкд) 
7 (FB) полни пансиони во "Hotel Don Juan Resort" **** 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авиобилет на релација според програмата 
Сместување во Хотел "Don Juan Resort" **** / 7 ноќевања на база FB
   (појадок, ручек и вечера)
- Транфери на релација аеродром-хотел-аеродром
- Локална асистенција
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Аеродромски такси 60 € / 3.720 мкд 
Доплата за чекиран багаж 20кг ; 
Факултативни излети и екскурзии наведени во програмата
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување 
- Доплата за 1 дете до 12 год. - 425 €
- Доплата за 2 дете - "на упит"

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:
1. Факултативна посета на Фигерас со Герона – Фигерас е местото во кое е роден и во кој целиот свој живот творел Салвадор Дали. Посета на Музејот на Дали во кој може да се види најголемата и најразновидната негова колекција, скулптури, 3Д колажи, слики, како и приватни колекции на Дали од други уметници. Попатно, на враќање, посета на убавото, живописно градче Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината... 
2. Посета на Порт Авентура забавен тематски парк кој се наоѓа, во ресортот Салоу, Тарагона на таканаречениот Златен брег, на само еден час од Барселона. Парк кој е изграден од 5 различни дела кои се претставени како 5 различни светови, парк од типот на Дизниленд 
3. Посета на Бенегдиктинскиот манастир во Монсерат, изграден високо на камени формации  во планините северозападно од Барселона. Манастирскиот комплекс е од значителна религиозна  важност со прекрасна природна убавина околу манастирот. Монтсерат во Барселона се смета за место со нај живописна природна убавина во цела Каталониа. Ова е единствена можност да се Запознаете со прекрасните Каталониски предели.
4. Круз - Острови Медес - Крстарење со брод од Санта Кристина кон Островите Медес, лоцирани во срцето на Коста Брава. Седумте островчиња кои и ден денес не се населени, содржат трага ид античките грчки бродови кои некогаш многу одамна тука пловеле. на островите се наоѓа и импресивниот, стар замок од 15-тиот век... 
5. Посета на Рупит и Бесалу, мали живописни селца, богати со интересна историја, со тесни камени улици, стари куќи.. 
6. Во ноќните часови, можност за организирана  факултативна посета на вечерен клуб со уметничка програма на „Фламенко“ и дегустација на познатата „Сангрија“. 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛОТ:
Локација: хотелот е лоциран на 100м од ценатрот на најпознатото туристичко место во регионот Коста Брава- Љорет Де Мар 
Хотелски содржини: рецепција, ресторан (реновиран 2017), 2 отворени базени,базен за деца,  внатрешен базен, pool - бар, спортски корнер ( тенис, пинк-понк , кошарка) 
Сместување: Хотелот е организиран во 3 сместувачки дела од различна категорија. 
Плажа: на 600 м од долгата песочна плажа Platya de Lloret de Mar
Услуга: полн пансион (појадок, ручек и вечера)