Локација: Хотелот директно излегува на убава песочна плажа во Северен Хамамет. Од центарот на Хамамет е оддалечен 7 км, од Набела 12 км. Голф терените \"Citrus\" и \"Yasmine\" оддалечени се 20 км. Трансферот од аеродромот во Тунис трае околу час. Хотелот има три згради, а 2009 година е обновен целосно. Околу хотелот има развиена туристичка зона со многубројни продавници, кафулиња и ресторани
Хотелски содржини: Хотелот припаѓа на Шпанскиот ланец на хотели „Vincci“. Хотелот го карактеризира добра кујна, љубезен персонал и многу содржини. На гостите на располагање им е рецепција, менувачница, банкомат, главен ресторан, три тематски ресторани, три бара, два отворени и  затворени базени, детски базен, детски клуб, СПА центар, сауна. На плажата се бесплатни чадорите и лежалките, а крпите за плажа и за покрај базенот - со депозит.
Сместување: Хотелот располага со 447  соби распоредени во три згради. Собите се комформни, климатизирани, модерно наместени, со купатило, со балкон, сателитска ТВ, фен, телефон, сеф(со доплата), мини бар (на барање и  со доплата).
Услуга: All Inclusive  –  шведска маса, според хотелските правила
Линк до хотелот-> 
https://www.vinccihoteles.com/eng/hotels/tunisia/hammamet/vincci-nozha-beach-spa


EARLY BOOKING !!!
за резервации до 29.02.2020


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 7 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Тунис– Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Тунис 
* Аеродромски такси 
* Багаж - 23 кг
* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.