Gallery image of this property Gallery image of this property


Локација: Се наоѓа во јужниот дел на Хургада околу 10 км од аеродромот и 17 км од Сакала.
Содржини: Хотелот е отворен во 2019 година и завзема површина од  50.000m² со 387 сместувачли капацитети. Во својата понуда има базени со вкупна површина од  5.200m², аква парк, неколку  a la carte ресторани и барови. На гостите им е на располагање аква паркот од хотелот Titanic Resort & Aqua Park кој располага со 30 тобогани. За децата има детски клуб за возраст (4-12 години), детски базен, игротека, мини диско. Чувањето на деца се доплатува.
Плажа: Хотелот има своја песочна плажа долга 180 метри. Гостите на хотелот можат без доплата да користат лежалки и чадори. Еден дел од плажата има корален гребен што ги привлекува љубителите на подводниот свет, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Пешкирите се добиваат со приложена картичка од соба, губењето на картичката се наплатува. Со доплата е павиљонот на плажа.
Спорт и забава: На гостите им е на располагање базен со аква парк со 13 тобогани, два централни базени, главен базен со пиратски брод и приватен базен до кој се има пристап од соба. За време на зимскиот перид се загрева главниот базен, базенот со пиратскиот брод и базенот со аква паркот. Од останатите активности на располагање на гостите им се гимнастика и разни активности организирани од аниматорите како и вечерна програма. Wi Fi е достапно во поглем дел од хотелот. Гостите можат да ја користат теретаната без доплата. Со доплата можат да се користат следниве услуги: куглање, билјард, спортови на вода, нуркање, сауна, парна бања, турска бања, масажа и останатите третмани.
Линк до хотелот -> 
http://titanic-royal.com/language/en/


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Aеродромски такси
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ