Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Хотелот се наоѓа на 10 км од центарот на Шарм Ел Шеик и 22 км до аеродромот во Шарм Ел Шеик.
Сoби: Хотелот има вкупно 271 соба. Сите соби се со балкон или тераса со поглед на градина или кон море. Секоја соба е опремена со ТВ со рамен екран и клима уред, туш, купатило, исто така и фен и бањарки.
Хотелски содржини: Во хотелот има главен ресторан и 4 а ла карт ресторани со вкусови од Азија, вклучувајќи и суши бар. Во морската храна може да се ужива во ресторанот Фелука и италијанската кујна е достапна во италијанскиот ресторан Базилико. Исто така во ресторанот Гамила можете да уживате во ориентална храна. Бесплатен WiFi пристап е достапен во сите делови на хотелот.
Спорт и забава: Хотелот има 4 надворешни базени, Спа центар кој вклучува сауна, парна соба и турска бања.
Може да се организираат масажи и третмани на телото, како и програми за велнес. Во хотелот е достапен и центар за убавина.
Плажа: Хотелот има сопствена приватна плажа со бесплатна употреба на лежалки и чадори.


 

EARLY BOOKING !!!
за резервации до 31.03.2020


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 6 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионски чартер превоз на релација Скопје – Шарм Ел Шеик – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год)
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шарм Ел Шеик
* Асистенција на локален партнер и претставник
* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет (***) - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци. (*** За краток туристички престој во Шарм Ел Шеик без напуштање на Синајскиот регион виза НЕ Е ПОТРЕБНА. Во случај на напуштање на Синајскиот регион виза може да биде обезбедена на лице место дополнително во соработка со локалните партнери и оретставници)
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.