Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Хотелот се наоѓа на 9 километри од аеродромот во Шарм ел Шеик, на 8 километри од плоштадот Soho Square и на 11 километри од  Naama Bay .
Сoби: Хотелот има вкупно 420 соби. Сите модерни соби во Sunrise Arabian Beach Resort се елегантно украсени во арапски стил и имаат приватна балкон или тераса. Исто така се опремени со клима, сателитска ТВ со рамен екран и приватна бања.
Хотелски содржини: Гостите можат да уживаат во различниот избор на менија кои вклучуваат Индиска, Тајландска, Италијанска, Француска и Интернационална кујна. Хотелот има дискотека, бизнис центар, фитнес центар,  бесплатна Wi Fi конекција
Спорт и забава: Хотелот има два внатрешни и четири надворешни базени, базен за деца, детско игралиште. Совршен за релаксирање и обновување на енергија, велнес центарот располага со парна соба и сауна, услуги за масажи на плажа, добро опремена теретана и избор на различни спортови на вода.
Плажа: Хотелот има сопствена приватна плажа со бесплатна употреба на лежалки и чадори,  во познатата област на Sharks Bay, со поглед кон островот Tiran.


EARLY BOOKING !!!
за резервации до 31.03.2020


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 6 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионски чартер превоз на релација Скопје – Шарм Ел Шеик – Скопје со можност за чекиран багаж
* Аеродромски и административни такси во износ од 80еур (30еур за бебе до 1.99 год)
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шарм Ел Шеик
* Асистенција на локален партнер и претставник
* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет (***) - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци. (*** За краток туристички престој во Шарм Ел Шеик без напуштање на Синајскиот регион виза НЕ Е ПОТРЕБНА. Во случај на напуштање на Синајскиот регион виза може да биде обезбедена на лице место дополнително во соработка со локалните партнери и оретставници)
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.