Image result for bangkok thailand"
БАНГКОK
Бангкок е главен град на Тајланд со популација преку 11 милиони жители. 
Претставува еден од најпознатите азиски космополитски градови со величенствени храмови, автентични канали, раздвижени пазари и богат ноќен живот. За Бангкок може да се каже дека е многу безбеден град и доста оранизиран и претставува една од најпопуларните дестинации. 

ШТО ТРЕБА ДА ВИДИТЕ ВО БАНГКОК:
Image result for lumpini park bangkok"
• LUMPINI ПАРК - северната страна на улицата Рама IV, меѓу Ratchadamri и Vitaj улицата - најголема и најпозната зелена оаза во центарот на градот. Некогаш бил кралски имот, но Кралот Рама VII му го подарил на народот и направен е парк. Името го добил според местото во Непал Lumbini - родното место на Буда. 
Image result for KAOSAN RAOD bangkok"
• KAOSAN RAOD - некогаш бил место каде што се тргувало со ориз и затоа се вика токму така, бидејќи кaosan на тајландски значи ориз. Плоштадот ROYAL - на крстосницата на Ratchadamnoen авенијата и Si Ayutay улица. На плоштадот се наоѓаат: тајландскиот парламент (изграден во 1907, дозволено е да го посетат само еднаш во годината, втората сабота во јануари), паркот Suan Amporn и споменикот на кралот Рама V (тоа е оној европски ориентираниот) и поголемиот дел од зградите во Dusit distrikt се изградени за време на неговото владеење.
Image result for GRAND PALACE bangkok"
• GRAND PALACE- претставува белег на градот и најголема туристичка атракција. Таа била изградена во 1782 година кога бил основан Бангкок. Местото каде што се наоѓа палатата се нарекува островот Rattanakosin. Површина на комплексот е 1,5 км2. Оригиналната верзија е копија на Палатата од Ајутаја - старата престолнина на Тхаи. Првите пет владетели од династијата Чакри граделе палати во рамките на комплексот. Највпечатливо обележје оставил Кралот Рама V (повторно, оној 'Европјанец'). Тој ја изградил палата Pra Маха Montin која го зафаќа централно место и многу е невообичаена, бидејќи е изградена во европски стил, а покривот е сијамски. Тајланѓаните оваа зграда ја нарекуваат западњак со тајландски капа. 
Во комплексот GRAND PALACE се наоѓа и храмот на Vat Pra Kaew (ХРАМОТ НА СМАРАГДНИОТ БУДА), кој претставува најголемо и најважно светилиште во целиот Тајланд. Во него се наоѓа статуата на Буда направена од зелен смарагд што Кралот Рама I го донел од Виентиан, главниот град на Лаос, кога го освоил ви 1778 година како симбол на повторно освоената големата област на Сијам. 
Image result for WAT PO bangkok"
• WAT PO храмот - се наоѓа веднаш зад GRAND PALACE, во улицата Chetupon. Храмот е постар од Бангкок, па така тој е најстариот храм во градот. Изграден е во 17 век. Храмот е познат по позлатена статуа на Буда кој лежи (долга е 150 м и висока 50 м), изграден од страна на кралот Рама III 1832 година. Храмот е познат како центар за учење на тајландски масажа и традиционална тајландска медицина. 
Image result for WAT ARUN bangkok"
• Храмот WAT ARUN - е заштитен знак на Тајланд, на сите фотографии кои ја претставуваат оваа земја задолжително се наоѓа и овој храм. Се наоѓа на западниот брег на Cao Praya, на местото каде се пресекуваат улиците Аrun Amarin и Vang Doem. Архитектонскиот стил на овој храм е многу посебен, бидејќи претставува мешавина на кмерската и тајландската култура. Целиот храм е украсен со кинески порцелан и керамички плочки, што му дава дополнителна живописност. 
Image result for WAT BENDZAMABOPIT bangkok"
• Храм WAT BENDZAMABOPIT -МЕРМЕРНИОТ ХРАМ на улицата на Рама V, еден од најубавите храмови во Бангкок. Изграден е од страна на Кралот Рама III во 1826 година. Денешниот изглед го има благодарение на Кралот Рама V и неговото име буквално значи Храмот на петтиот крал.
Image result for INDRAVIHARN bangkok"
• ХРАМОТ INDRAVIHARN- се наоѓа во улицата Visut Kasat. Познат по статуата на Буда висока 32 метри. Можете да се искачите по скалите до рамото на Буда - убав поглед на градот!
Image result for WAT TREJMIT bangkok"
• Храмот WAT TREJMIT- се наоѓа во кинескиот кварт во илицата Trejmit. Исто така познат е како Храмот на Златниот Буда. Во него се наоѓа една од најголемите статуи на Буда изработена од злато (проценетата вредност е 14 милиони долари). Една од најголемите туристички атракции во градот. Статуата датира од 13 век од тогашната престолнина на Тајланд, Sukotai. Кралот Рама III ја донел во Бангкок.
• ЏИНОВСКА НИШАЛКА- со традиционална црвена кинески рамка. Се наоѓа пред храмот VAT SUTAT (најголемиот храм во Бангкок, зафаќа површина од 4,5 км2) во Ti Tong улицата.
Image result for CATUCAK bangkok"
• ПАЗАРОТ CATUCAK - со површина од 1,5 км 2 и 15.000 тезги е еден од најголемите пазари во светот.
Image result for DAMNEON SADUK bangkok"
• DAMNEON SADUK - ПАЗАР НА ВОДА - 101 км оддалечен од Бангкок, се наоѓа во Rachaburi.

ПУКЕТ
 
Островот Пукет познат како бисерот на Андаманското море е најголем и најпосетуван Тајландски остров. Се наоѓа ма 862 км јужно од Бангкок  со површина од 550 км2, опкружен со 39 мали островчиња. Островот има доста интересна историја бидејќи се наоѓа на важен трговски пат помеѓу Кина и Индија. Свое културно влијание на Пукет оставиле Холанѓаните, Португалците, Британците, Кинезите и Французите. 
Пукет има преку 20 плажи. Најпозната плажа е Патонг и е вистинско место за љубителите на спортови на вода, додека истоимениот град претставува центар на ноќниот живот на островот. Плажата Карон е втора по посетеност додека плажата Ката е препорака за фамилијарен одмор.
Пукет е најголемиот остров на Тајланд и најубавиот остров на Андаманско море. Ќе ве воодушеват преубавите песочни плажи, бујна вегетација, тиркизно море и насмевка на домаќините. Пукет  е оддалечен од Бангкок околу 900 км.
На север островот е поврзан со копното со мост долг 700 метри. Има околу 700.000 жители, воглавно Кинези кои доагале да работат во рудниците за калај.
Пукет има богата историја која најдобро ќе се запознае ако се посети Стариот град.

ШТО ТРЕБА ДА ВИДИТЕ ВО ПУКЕТ:
 
Можност за организирање на факултативни екскурзии:

Image result for phuket"

Полудневен разглед на Пукет

Image result for phuket safari"
Слон Сафари

Image result for phuket kabare"
Кабаре Шоу
 
Топ 5 најпопуларни плажи во Пукет се:
Image result for patong beach"
Патонг, Ката, Карон, Камала, Бангтао

Image result for big buddha beach"
Големиот Буда и Ват Халонг
Во Пукет има околу 30 будистички храмови, од кои најважниот е Ват Чалонг. Како и другите храмови во Тајланд,  она што го прави особено важно е дека има парче коска што му припаѓа на Буда е изложена во него.
Недалеку од овој храм е уште една позната туристичка атракција - Големиот Буда. Изградена во 2004 година, оваа статуа е висока дури 45 метри и може да се види од градот Пукет. Освен спектакуларниот Буда, има неверојатен поглед на Пукет од местото.
Како и во другите храмови, мора да бидете правилно облечени тука и да ги соблечете чевлите пред да влезете во зградата. 

Image result for koh fi island"

Островите Кох-Фи и Каи
Целодневната екскурзија во обиколка низ архипелагот Phi Phi и островите Каи. Архипелагот Phi Phi е групација од 6 острови, најзначајни и најпосетувани се Phi Phi Don и Phi Phi Leh. Најголемиот и единствениот населен остров Фи-Фи , Фи-Фон Дон. После обиколката на Phi Phi Don, посета на вториот по големина Phi Phi Leh, каде ќе имате можност да пливате на една од најубавите плажи во светот. Исто така,  нуркање во заливот Loh Samah bay,  посета на  Викиншка пештера и плажата Monkey beach каде живеат стотици мајмуни. Може да направите незаборавни фотографии и да ги храните мајмуните во нивното природно живеалиште додека се восхитувате на хоризонтот и кристално синото море. На враќање од Фи Фи попатна посета на островот Кахи каде уживате во прекрасното море . Патем, овој светски познат архипелаг стана познат по славниот филм со филмот Леонардо ди Каприо  „Плажа“.

Image result for raja ampat island thailand"
Раја и Корал острови
Оваа целодневна екскурзија ги спојува двата најубави острови во Андаманското Море, кои се наоѓаат близу до Пукет. Островот Раја е прекрасен, незагаден тропски остров на само 12 км од јужниот брег на Пукет. Познат е по своите прекрасни, бели песочни плажи, кристално чиста вода и разновиден подводен свет. Покрај прекрасните плажи, островот Корал нуди одлично нуркање, како и широк спектар на спортови на вода. Островот е опкружен со бројни корални гребени и оттука и неговото име. 

Image result for james bond island phuket"
Островот на Џемс Бонд и островот Фан Еј Беј
Екскурзија вклучува турнеја низ најубавите острови на Националниот парк Фан Еј Беј со брод. За време на екскурзијата се посетуваат островите Панак и Кох Хонг, каде само со кану ќе можеме да стигнеме до најскриенте пештери и лагуни. Следниот остров  е Кох Тапу (островот Џемс Бонд), кој стана познат откако се снимаа сцените од филмот „Човекот со златен пиштол“.