ПРОТОКОЛ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА – PLF ФОРМУЛАР


Согласно новата одлука на владата на Р.Грција, за сите патници кои ќе патуваат во Р. Грција се воведува задолжително пополнување на формулар – PLF (Passenger Location Form), и тоа најмалку 48 часа пред влез во земјата.

Целата на овој формулар е да се добијат основни контакт информации со цел лесно и брзо контактирање и лоцирање на патниците во Грција, во случај на потреба. По пополнување на формуларот ќе добиете повратна e-mail порака дека истиот е прифатен, а потоа ќе Ви биде доставен QR код, кој испринтан или во електронска форма (на мобилен телефон) ќе имате за обврска да го покажете при влез во Грција.


За да го пополните формуларот кликнете тука


Во продолжение Ви даваме насоки за начинот на пополнувaње на образецот:


- Чекор бр. 1 / Начин на пристигнување – авион, брод или копнен превоз (автобус, автомобил) 


- Чекор бр. 2 / Датум на влез во Грција, граничен премин на влез и регистарски таблички на автомобил


- Чекор бр. 3 / Податоци за патник: име, презиме, возраст, број на пасош, контакт телефон


- Чекор бр. 4 / Податоци за место на живеење, град (избор од менија), адреса и поштенски код 


- Чекор бр. 5 / Податоци за сместување: Регион во Грција ( бирате од мени, видете подолу детали за региони), град, поштенски код, адреса на објектот за сместување . Поштенските кодови на сите места / градови , кои се предмет на понуда за приватно сместување како и адресата на сите објекти за приватно сместување во Грција можете да ги најдете во листата објавена тука


Региони 

-> Халкидики / Олимписки регон – Kentriki Makedonia


-> Лефкада – Ionia India

-> Врахос, Парга – Ipeiros

-> Евиа – Sterea Ellada


- Чекор бр. 6 / Податоци за малолетни лица ( лица под 18 години ) кои патуваат со вас ( доколку има ) 

- Чекор бр. 7 /  Трето лице за контакт, преку кое лесно можете да бидете искомуницирани во случај на итна потреба


Врз основа на податоците внесени во формуларот, здравствениот тим ќе одлучи за евентуална потреба од тестирање при влез. Патниците кои ќе бидат тестирани при влез, имаат за обврска да останат во самоизолација во Грција, во предвидениот објект за сместување, до добивање на резултати од направениот скрининг.


Патниците мора да се придржуваат кон сите превентивни мерки за заштита, носење заштитни маски и социјално дистанцирање.