Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Овој хотел се наоѓа на  Safaga Road 6,5 км јужно од меѓународниот аеродром во Хургада, 15 км јужно од  El Dahara, 11 км јужно од Сакала и 11 км јужно од новата марина, 16 км северно од Makadi bay.
Содржини: Овој хотел е дел од познатиот ланец на хотели  Pickalbatros   и се наоѓа одма непосредно до Beach Albatros Resort. Со аква парк во својата содржина преставува совршен избор за летување во Хургада. Во склоп на хотелот има рецепција, менувачница, банкомат, остава за багаж, главен ресторан, 4 бара , Wi-FI има достапно на јавните места во хотелот. Од останати услуги на располагање со доплата  хотелот нуди чување на деца, перење, пеглање, козметички салон, фризерски салон, rent-a-car, лекар...  Хотелот има на располагање 305 соби. Собите во хотелот се двокреветни со можност на трет помошен лежај. Сите сместувачки капацитети содржат, купатило со туш кабина, фен, мини бар, телефон, сеф, клима, SAT TV, балкон /тераса.
Плажа: Се наоѓа на 800 м од приватна песочна плажа (се преминува пат). Постои шател бус кој ги носи гостите до плажа. Гостите на хотелот можат без доплата да користат лежалки и чадори.
Спорт и забава: Во хотелскиот комплекс има 4 отворени базени и два базени кои се греат во текот на зимскиот период, аква парк со 16 тобогани, мини клуб за деца 4-12 години, дискотека, фитнес, тенис, одбојка на песок, игоротека за деца, дневна и вечерна програма за анимација, SPA и wellness центар, саунa, џакузи, парна и турска бања, масажа...


EARLY BOOKING !!!
за резервации до 31.03.2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Влезна виза за Египет (Маркичка која се купува на лице место, на аеродромот во Хургада и чини 25$ )
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ