Gallery image of this propertyGallery image of this property

Локација: Хотелскиот комлекс Minamark Resort &Spa  е рај за семејства и парови. Локацијата на хотелот го прави идеален избор за сите кои сакаат да комбинираат релаксација со социјални и спортски активности за време на нивниот одмор. Се нтааоѓа во центарот на енергична Сакала област на Хургада па гостите во овој хотел се сигурни дека никогаш нема да им недостасуваат барови, ресторани и продавници.
Соби: повеќе од 300 соби, вклучувајќи семејни соби и VIP апартмани, MinaMark Beach Resort има одличен избор на соби за да се обезбеди секој гостин да има релаксирачки и удобен престој. Сите соби се со климатизација и звучна изолација како стандард.
Содржини: Гостите можат да резервираат All Inclusive, полупансион, ноќевање со појадок или само-угостителски престој. Одморалиштето има еден главен ресторан, Percado, кој служи низа на интернационални кујни и вклучува појадок, ручек и вечера. Исто така постои и базенски бар и бар на плажа како и снек бар од страна на базен.
Хотелот, исто така, може да се пофали со свој приватен дел на плажата до која гостите можат да пристапат со минување низ бујна, тропска градини. За оние кои претпочитаат базени, хотелот нуди и избор на три отворени базени со чадори за сонце и лежалки, така што гостите можат навистина да се релаксираат и да уживаат .
Спорт и забава: Хотелот располага и со сауна, спа, велнес центар, туш Vichy и турски бањи. Третмани за убавина, третмани за тело и масажи се исто така достапни за мала надокнада. Ако патувате со семејството, хотелот, исто така, нуди услуга за чување на деца и детски клуб, како и игралиште и дневна соба за да го одржат семејството среќно.
 Линк до web на хотелот-> www.minamark.com


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

***
 Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

GALLERY