Gallery image of this property  

Локација: Почуствувајте го вистинското египетско гостопримство во овој хотел кој се наоѓа на самата плажа во центарот на Хургада на само 13 км од меѓународниот аеродром во Хургада.
Соби: Хотелот содржи 270 стилски соби и апартмани. Специјално креативно дизајнираните соби имаат мешавина од боемски стил и удобност. Сите соби се опремени со телефон, мини-фрижидер, клима уред и телевизор со сателитски канали. Секоја соба има бања со туш, фен за коса ,Wi-Fi  и балкон или тераса.
Содржини: Овој хотел, кој е прв хотел во Египет изграден во clubbing/boho стил,  нуди вистински египетскo гостопримство, еклектичен амбиент и различни објекти за релаксација и уживање. Гостите можат да се релаксираат на приватна песочна плажа на Црвеното Море. Во рестораните и баровите во хотелскиот комплекс можете да уживате во вкусни оброци и голем избор на пијалоци. Угостителската  понуда (главен ресторан Munchery, 7 различни à-la-carte ресторани) ќе го задоволи вкусот на сите гости  Во склоп на овој хотелски комплекс има 6 барови на различни локации и со различен амбиент, каде што можете да се релаксирате дегустирајќи прекрасни коктели на крајот од денот.
Линк до хотелот -> https://www.merakiresort.com/


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Влезна виза за Египет (Маркичка која се купува на лице место, на аеродромот во Хургада и чини 25$ )
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

GALLERY