Берово и Малешевијата се мала територија, но во нив постои уникатна комбинација од изнвонредно сочувана природа, културно-историско наследство, етнографија, традиционална музика и ракотворби, сите овие елементи „Манстир“ многу вешто ги вклучи во својата понуда. Она што им го нудат на своите гости е сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од еко-производи и производи со органско потекло, авантури: планинарење, велосипедизам по планински патеки, лов и риболов, кајакарење на мирни води, излет со скара покрај езеро, оброк на бачило со три-вековна традиција…, тематски туризам-прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.


Zgrada u kojoj se nalazi hotel Pogled na bazen u objektu Hotel Manastir Berovo ili u blizini
Локација: во Берово
Сместување: Сите соби се опремени со директна телефонска линија, мини бар, LCD-TV со кабловска, бесплатна безжична интернет конекција, бања со тоалет
Услуга: ВВ (ноќевање со појадок)
Содржини: три хотелски крила, СПА содржини, сала за семинари, две летни тераси, „чардак“, терен за тенис, мултифункционален терен за кошарка, фудбал и одбојка, детско игралиште и надгледуван паркинг простор.




Цените се дадени на ден по лице за сместување во соба според табелата, за минимум престој од 5 ноќи.    
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).


 

Моменти за Вашиот авантуристички дух
Берово е идеално место за сите љубители на природните убавини, спорт и рекреација, релаксирање. За оние кои го сакаат спортот во градот има две спортски сали и повеќе игралишта кои се соодветни за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други спортски игри. Постојат и две тениски игралишта кои се наоѓаат во рамките на хотелскиот комплекс „Манастир“ и мотелот „Ловен дом“. Доколку пак сакате да пешачите, на територијата на Општина Берово има маркирано пет пешачки патеки. Дел од нив може да се искористат и за велосипедизам.


Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.

GALLERY