Gallery image of this property 

Положба: Хотелот се наоѓа во областа Kızıagac, 10км оддалечен од Манавгат и 75 км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби во главна зграда 201 и 58 соби во клубски дел од хотелот. Главна зграда: стандардни соби (30m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (36m², две спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 2+2 лица) и 3 соби за хендикепирани лица. Во клубски дел од хотелот: стандардни соби (23m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), фамилијарни соби (36m², две одвоени спални соби, во некои соби има кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица). Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима во главна зграда и сопствени клима уреди во собите во клубскиот дел, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода, пиво), електричен бокал и сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, ламинат на подот во собите во главна зграда и плочки во собите во клубскиот дел, балкон. Бесплатна WI- FI интернет конекција.
Услуга: Ултра Се Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, ужина наутро, попладне и вечерните часови, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 09.00 – 24.00 часот, во Диско клубот до 02:00 часот, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: сите останати увозни пијалоци, сите видови флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле, послуга во соба.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Рибен, Мексикански, кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во лобито е бесплатна.
Плажа: Хотелска приватна плажа, песочна, со лежалки, чадори, душеци за лежалки и пешкири кои се бесплатни.
Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на води, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, мини фудбал. ДОПОЛНИТЕЛНО СЕ НАПЛАТУВААТ: спортови на вода, масажа, осветлување за тениски терени, билјард, компјутерски игри, школа за нуркање. Забавни програми во текот на денот и вечерните часови. Мини клуб за деца од 04 – 12 години, детско игралиште.
Хотелот е делумно реновиран во 2015 година 


НАСКОРО ЦЕНИ ЗА ЛЕТО 2020...


Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување – услуга: Ultra All Inclusive
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.

GALLERY