Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Хотелот се простира на прекрасна, песочна плажа во Makadi Bay, на брегот на Црвено Море. Хотелот се наоѓа на окулу 24км. од центарот на Хургада, во преубавиот залив Макади каде се и најубавите песочни плажи како и голем број на корални гребени.
Соби: Собите се пространи, сите со балкон со прекрасен панорамски поглед, климатизирани и опремени со модерен мебел, сателитска ТВ, минибар и сл.
Содржини: На гостите им се на располагање повеќе ресторани со широк спектар на понуди за различни видови храна како и повеќе снек барови покрај базен или на самата плажа.
Спорт и забава: Од содржини хотелот поседува Фитнес центар, тениски терени, билијард и др.
Линк до web на хотелот-> web


ЦЕНОВНИК ЗА ЛЕТО 2020


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со авион на релација Скопје – Хургада – Скопје, со чартер лет
- Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
- Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
- Aеродромски такси
- Услугите на претставникот на организаторот или ино – партнерот на дестинацијата.
- Трошоци за организација на програмата.”

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.”

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО.
- За резервација потребна е аконтациска уплата од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Early Booking…), а останатиот износ се плаќа најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманските услуги.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).
***

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

 

GALLERY